Скопје Винил Конвенција 2025: Преку 30 диџеи на настанот посветен на винилот

На 27 септември, во објектот Механика на Гранит, по деветти пат се одржа Скопје Винил Конвенција (SVC) – најголемиот настан од ваков тип во Македонија и пошироко во регионот.

На 27 септември Скопје пулсираше во ритамот на грамофонските плочи, музичкото истражување и урбаната култура. Во објектот Механика на Гранит, по деветти пат се одржа Скопје Винил Конвенција (SVC) – најголемиот настан од ваков тип во Македонија и пошироко во регионот.

Настанот, веќе препознатлив меѓу колекционерите, DJ-ите и фановите на аналоген звук, понуди 12-часовна програма полна со музика, дружење и вистински crate digging предизвик.Учествуваа над 30 продавачи на плочи од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и други земји, како и повеќе од 30 диџеи кои ќе пуштаат исклучиво винил.

Годинешен хедлајнер: DIAMOND D – жива хип-хоп легенда

Овогодишната SVC го донесе едно од најгласните имиња во светот на хип-хопот – DIAMOND D од Њујорк, САД. Како основач на легендарниот колектив D.I.T.C. (Diggin’ In The Crates), Diamond D е икона на crate digging културата и музичкиот продор на винилот. Тој стои рамо до рамо со имиња како Dr. Dre, DJ Premier и Pete Rock, а зад себе има продукција за A Tribe Called Quest, Mos Def, Fat Joe, The Fugees и многу други.

Неговото сетување на 7-инчни плочи направи незаборавна вечер за сите вистински фанови на оригиналниот звук, со уникатна селекција и чисто аналогно искуство.

Гоце САФ: „Винил културата за нас е битна работа“

Скопската урбана легенда Гоце САФ, кој стои зад првиот независен македонски албум издаден на плоча – „Сафизам“, вели:

„Винил културата е за нас барем битна работа за зачувување на некои музички вредности. Многу млади има што купуваат плочи, што нас ни е драго, така што мислам дека сме добри. ‘Сафизам’ беше првиот независен албум на плоча. Мирко Попов да го споменеме, ПМГ имаат многу изданија. И Тошо Филиповски се потруди многу, и книги напиша…“

Изјавата само го потврдува значењето на настанот за локалната музичка историја и иднина.

Покрај винил тезгите и DJ сетовите, ЅVC понуди food court, Second Hand продавници, DIY содржини и урбан маркет. Целта е не само музика, туку културна размена, запознавање и поддршка на локалната сцена и малите колекционери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни