Skopje Design Week- „Чиста мобилност“ за почиста, подобра и поефикасна околина

„Чиста мобилност“, го става акцентот на еколошки решенија кои ги намалуваат емисиите на јаглерод и промовираат одржлив начин на живот кај сите генерации

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Од 5 до10 ноември ќе се одржи Skopje Design Week, годинава со новиот концептот на „Чиста мобилност“ како напреден пристап кон почиста, подобра и поефикасна непосредна околина, земја, континент…

„Чиста мобилност“, објаснуваат организаторите, го става акцентот на еколошки решенија кои ги намалуваат емисиите на јаглерод и промовираат одржлив начин на живот кај сите генерации.

Во рамките на идејата за зелена економија, клучните точки на програмата European Green Deal (Европски Зелен Договор), беспрекорно се спојуваат со живописните нијанси на философијата на циркуларен дизајн, повикувајќи ги младите и прогресивни умови да ѝ се приклучат на уметничката револуција и да користат подобри начини на транспорт, да се стремат кон почиста и поздрава животна средина.

„Во таа насока, програмата на European Green Deal (Европски Зелен Договор) делува како наша ѕвездата Деница осветлувајќи го патот кон посветла и позелена иднина. Нè повикува да го реконцептуализираме транспортот, храбро да иновираме и да сонуваме без граници, за доброто на генерациите што допрва доаѓаат.Филозофијата на церкуларниот дизајн е авангарда на иновациите и начинот на живот во Европа. Со секој потег на креативност, ние дизајнираме не само за нас денес, туку и за вечното утре и идните генерации, надевајќи се дека тие исто така ќе следат, создаваат и рекреираат онаму каде што е потребно. Скопје, како главен град, не придонесе значително за намалувањето на јаглеродот во последната деценија и како град за жал ќе го задржи тој негативен тренд во блиска иднина. Но, независните младински организации имаат моќ и обврска да станат постојан центар за младите дизајнери кои се стремат да понудат свежи перспективи и безгранична креативност, да се осмелат да го предизвикаат овој статус кво и да поттикнат промени.Затоа, ова издание на SDW го става фокусот на „Чиста мобилност“, особено ѕвездата на нашето опкружување – традиционалниот велосипед, испитува повеќе можности и го истакнува велосипедот како урбана потреба. Дополнително, како организација за дизајн, во согласност со агендата на Зелениот Договор на ЕУ, ја нагласуваме потребата од возење велосипед на прво место, а рециклирањето како второстепено прашање, претпоставувајќи дека за амбалажата што градот и земјата правилно ќе ја исфрлат, ќе може лесно да се најде нов начин истата да се реинкарнира и врати повторно во употреба. Сето ова го правиме заради нашата оставина која ѝ дава моќ на креативноста и убавина на кружноста“ велат организаторите.

Најново

Последни колумни