Сите ние користиме емоџи, а овој човек ги измислил: Еве како изгледале порано и кој е најпопуларен денес!

Кога Шигетака Курита го создаде првиот емотикон во 1999 година, тој работеше со мрежа од 12 на 12 пиксели.Тој тогаш на располаглање вкупно имал 144 точки или 18 бајти податоци, што значи дека неговите 176 пиктограми зафаќале нешто повеќе од три килобајти. Таа мала количина на податоци содржела огромно значење.

Повеќето дизајнери сметаа дека е невозможно да пренесат 176 идеи – вклучувајќи луѓе, места, чувства и концепти – во 12-битни симболи во рок од 5 недели. Зборот емотикон доаѓа од јапонските зборови за слика, пишување и знак. Јапонските „канџи“ ликови се базираат на кинески идеограми, што значи дека нивното пишување е исклучително сликовито.


„Иако и канџи ликовите и емотиконите претставуваат идеограми, ликовите од канџи не беа моја инспирација за создавање емотикони. Најдов инспирација во пиктограми, манга и разни други извори“, вели Шигетака Курита.

Неговите емотикони се создадени од одредена причина – за да се олесни комуникацијата во новиот мобилен интернет систем. Системот нудеше можност за испраќање е-пошта, но имаше ограничување од 250 знаци, што ги направи емотиконите одлично решение за пренесување на саканата порака во ограничен простор. Првите емотикони изгледаа многу поблокирачки од денешните бидејќи Курита работеше со резолуција од 144 пиксели. Денес, емотиконите се создаваат со помош на векторска графика, што ја прави нивната резолуција многу поголема.

Со децении, емотиконите се користеа речиси исклучиво во Јапонија. Другите јапонски телекомуникациски компании веднаш ги копираа, но симболите не беа стандардизирани, што значеше дека не може да се користат на различни мрежи. Емотиконите беа вклучени само во Unicode – стандардот што управува со кодирањето на текст – во 2010 година, па така во 2012 година, 722 емотикони се појавија на телефоните iPhone и Android.

„Тие станаа популарни во Јапонија веднаш, но нивната употреба во странство започна дури во 2012 година, а тој временски јаз ме изненади“, вели Курита.

На официјалната листа на Уникод денес има 2.789 емотикони кои многу се разликуваат од оригиналните.

„Денешните емотикони всушност не се вистински емотикони, туку слики“, истакнува Курита, но сепак тој ги гледа позитивно: „Тие ја подобруваат дигиталната комуникација, која најчесто се прави преку мобилни телефони. Мислам дека емотиконите не се штетни за човечката комуникација, бидејќи луѓето не комуницираат само дигитално.

Најпопуларниот емотикон на Твитер е таканаречениот „лице што плаче од смеење“, кој се појави во повеќе од две милијарди твитови од 2013 година. Омилениот емотикон на Курита е срцето, поради позитивната порака што ја испраќа.

„Првите емотикони беа читливи само по нивната вистинска големина. Кога беа зголемени, како во нашата книга, тие станаа апстракција. Курита постојано оценуваше како ќе изгледаат неговите конечни резултати“, истакнува Рид.

Емотиконите навлегоа во популарната култура на безброј начини – бројни емотикони претставуваат познати песни, книги и филмови. Првите емотикони станаа дел од Музејот на модерна уметност во Њујорк во 2016 година, со што го зазедоа своето место во историјата на дизајнот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни