„Овие предмети всушност не се дупки. Ова се огромни концентрации на материја спакувани во многу мали простори“, објаснува вселенската агенција, додавајќи дека црната дупка е толку густа што гравитацијата веднаш под нејзината површина е доволно силна што ништо, дури ни светлината не може да избега.
Хоризонтот на настани не е површина како Земјата или Сонцето. Тоа е границата што ја содржи целата материја што ја сочинува црната дупка.
Има многу работи не знаеме за црните дупки, како на пример како изгледа материјата во нивните хоризонти на настани. Сепак, има многу што научниците знаат за црните дупки.
Онаму каде што НАСА застанува, продолжува Zack D. Films, креатор на содржина што споделува симулациски видеа. Во еден од своите проекти тој направил симулација која покажува што мисли дека ќе се случи ако човек „падне“ во црна дупка.
„Доколку човек падне во црна дупка, гравитационата сила би го растргнала. Како што се приближува, гравитацијата на неговите стапала би била многу посилна отколку на главата, влечејќи го по должината. На крајот ќе го премине хоризонтот на настани. Во овој момент, времето се чини дека се забавува за надворешниот набљудувач, но за него, времето може да изгледа како да се забрзува. Конечно, ќе биде здробен од огромната гравитација, спојувајќи се со сингуларноста во центарот на црната дупка, засекогаш изгубен во нејзините длабочини“, објаснува Зак.
Едно е сигурно, шансите човек да падне во црна дупка моментално се нула.