Симон Шемов добитник на Гран При на ОСТЕН Биенале 2025

Во хотел „Бисер“ во Струга, на 27 септември 2025 година, свечено беа доделени наградите на ОСТЕН Биенале на наградени автори 2025, кое се одржа во периодот од 19 до 28 септември.

Оваа јубилејна година, кога ОСТЕН одбележува 80 години од своето основање, учество земаа шест македонски уметници и еден уметник од Грција.

Советот на ОСТЕН одлучи да додели едно Гран При и шест Посебно Гран При награди.

Добитници на наградите:

  • ГРАН ПРИ: Симон Шемов
  • ПОСЕБНО ГРАН ПРИ: Роберт Дандаров
  • ПОСЕБНО ГРАН ПРИ: Мице Јанкуловски
  • ПОСЕБНО ГРАН ПРИ: Јорго Ксенос
  • ПОСЕБНО ГРАН ПРИ: Ристо Мијајковски
  • ПОСЕБНО ГРАН ПРИ: Данчо Ордев
  • ПОСЕБНО ГРАН ПРИ: Новица Трајковски

Создадените дела во рамките на Биеналето беа претставени на изложба на 27 септември во хотел „Бисер“.

Организаторите најавија дека во наредниот период изложбата ќе биде презентирана и во Скопје.

ОСТЕН Биеналето на наградени автори е една од главните активности на институцијата ОСТЕН АРТ, која се одржува во непарни години и обединува престој на уметници, изложби и доделување награди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни