Арнолд Шварценегер истакна дека неговиот колега Брус Вилис е огромна ѕвезда и добар човек, откако Вилис одлучи да се повлече од филмскиот свет поради деменција
„Мислам дека тој е фантастичен“, рече Шварценегер во интервју за CinemaBlend. „Тој беше, секогаш со години и години, огромна, огромна ѕвезда. И мислам дека секогаш ќе остане запаметен како таков. И секако, како љубезен човек. Разбирам дека поради неговата здравствена ситуација, мораше да се пензионира. Но, генерално, знаете, ние никогаш навистина не се пензионираме. Акционите херои секогаш се враќаат“ истакна Шварценегер.
Семејството Вилис минатата година објави дека актерот се повлекува од актерството бидејќи му била дијагностицирана афазија, состојба која може да ја попречи способноста за комуникација, според Клиниката Мајо. Неговото семејство оттогаш сподели дека Вилис живее со фронтотемпорална деменција (FTD), што е „чадор термин за група на мозочни нарушувања кои првенствено влијаат на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот“.
Шварценегер глумеше заедно со Вилис во серијата филмови The Expendables. Ова следеше по ѕвездената кариера во која Вилис глумеше повеќе иконски улоги, вклучувајќи ги „Pulp Fiction“, серијалот „Умри машки“ и „Шесто сетило“.