Швајцарија започнува нова Програма за соработка 2025-2028 и продолжува со поддршката на европската интеграција на Македонија

Швајцарија е сигурен партнер уште од прогласувањето на независноста на земјата, и до сега има инвестирани повеќе од 370 милиони швајцарски франци


Швајцарија официјално ја започна својата нова Програма за соработка 2025- 2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната средина во земјата.

Швајцарија е сигурен партнер уште од прогласувањето на независноста на земјата, и до сега има инвестирани повеќе од 370 милиони швајцарски франци за поддршка на реформите насочени кон одржлив развој и европската интеграција. Овие инвестиции се повеќе од само финансиска поддршка, тие
опфаќаат и споделување на швајцарското знаење, заедничка посветеност и градење вредности на различност, плурализам и еднаквост.

Уште од 1992 година, Швајцарија придонесува за подобрување на капацитетите на демократските институции, особено на Собранието, општинските совети, Државната изборна комисија и граѓанските организации. Ги поддржа малите и средни претпријатија во поттикнувањето иновации, зголемувањето на нивниот пристап до пазарите и креирањето на нови работни места. Швајцарската соработка го поддржа развојот на системот за дуално стручно образование во тесно партнерство со приватниот сектор. Швајцарија, исто така, значително го подобри пристапот до чиста вода за пиење и енергетски ефикасни услуги за пречистување на отпадните води, истовремено зголемувајќи ја отпорноста кон климатските промени и заштитувајќи ја животната средина.

Со индикативен буџет од 56,1 милиони швајцарски франци, новата програма се темели на минатите искуства и се фокусира на три приоритетни области:

Демократско управување – Поддршка на институциите за надзор на национално и општинско ниво, граѓанските организации како актери во управувањето и одговорни даватели на услуги, зајакнување на независната културна сцена и борба против корупцијата.

Одржлив економски развој – Поддршка на модернизацијата на бизнисот, зелените практики и креирањето работни места во областите кои не се доволно покриени со услуги и ресурси, особено преку развој на вештини и стручно образование.

Вода и животна средина – Поддршка на интегрираното управување со водните ресурси, одржливите услуги за управување со отпад, биоразновидноста и отпорноста на екосистемите.

Новата Програма за соработка продолжува да промовира инклузија и различност во сите активности. Ќе се работи повеќе со младите луѓе и жените за да им се овозможи активна улога во обликувањето на иднината на земјата.

Градењето консензус, подобрувањето на транспарентноста и учеството на граѓаните ќе останат во сржта на нашата програма. Еколошките аспекти ќе бидат вклучени во сите иницијативи со цел поддршка на зелената транзиција и зголемување на отпорноста кон климатските промени.

Партнерството и прифаќањето на активностите како свои од страна на чинителите во земјата се клучни за успех. Швајцарија ќе продолжи да соработува со националните и локалните институции, граѓанското општество, приватниот сектор и други меѓународни партнери за да обезбеди поголемо и одржливо влијание.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни