Дали поминувате премногу време на вашиот мобилен телефон?
Просечен возрасен човек поминува повеќе од два часа дневно на социјалните мрежи, додека тинејџерите дури и двојно повеќе, главно на TikTok и Instagram. Истовремено, пребарувањата за „детокс од социјални мрежи“ се зголемија за 60% во изминатите месеци, што покажува дека сè повеќе луѓе бараат начини да се оддалечат од дигиталниот свет.
Како социјалните мрежи влијаат на мозокот?
Според д-р Ана Лемке, експерт за зависности, социјалните мрежи создаваат зависност слична на онаа од дрога или алкохол. Секој „лајк“, коментар или кратко видео предизвикува нагло ослободување на допамин, хемикалијата за среќа во мозокот. Но, постојаното гледање содржини ја нарушува оваа рамнотежа и доведува до „дефицит на допамин“, кој нè прави зависни од повеќе време на мрежите за да се чувствуваме „нормално“.
Детоксикацијата од социјалните мрежи може да помогне
Психолозите велат дека паузата од социјалните мрежи овозможува мозокот да ги ресетира патиштата за наградување. Само три дена пауза може да го подобрат самодовербата и менталното здравје, додека двонеделната детоксикација значително го намалува стресот, го подобрува сонот и го зголемува задоволството од животот.
Како да започнете?
- Првата недела може да биде најтешка поради потребата за допамин.
- Ограничете го времето на мрежите на 30 минути дневно.
- Држете го телефонот надвор од спалната соба и исклучете ги известувањата.
- Започнете активности кои бараат ангажман, како музика или готвење.
Планирајте редовни „детокс“ периоди
Социјалните мрежи се дел од современиот живот, но повремената пауза ќе ви помогне да го пронајдете балансот и да процените како тие влијаат на вашето расположение и ментално здравје.