BlueSky се опишува себеси како „социјален медиум каков што треба да биде“, иако нивната платформа изгледа слично како останатите.
Визуелно, лентата лево од страницата покажува сè што може да очекувате – пребарување, известувања, почетна страница и така натаму.
Луѓето кои ја користат платформата можат да објавуваат, коментираат, да реобјавуваат и да лајкуваат.
Едноставно кажано, изгледа како X, односно како што изгледаше додека се уште се викаше Твитер.
Главната разлика е што Bluesky е децентрализиран – комплициран термин што во основа значи дека корисниците можат да ги хостираат своите податоци на сервери различни од оние во сопственост на компанијата.
Ова значи дека наместо да се ограничат да имаат специвичен профил именувана по Bluesky, луѓето можат (ако сакаат) да се регистрираат користејќи профил што ќе го поседуваат самите.
Но, вреди да се каже дека огромното мнозинство од луѓето не го прават тоа и голем дел од новите корисниците ќе имаат „.bsky.social“ на крајот од нивното корисничко име.
Кој е сопственик на Bluesky?
Ако ви изгледа премногу слично на Твитер, кога ќе дознаете кој е креатор нема веќе да се чудите зошто. BlueSky е создадена од поранешниот шеф на Твитер, Џек Дорси.
Тој дури еднаш рече дека сака Bluesky да биде децентрализирана верзија на Twitter што ниту едно лице или ентитет не го поседува.
Но, Дорси повеќе не е дел од тимот зад него, откако се повлече од одборот во мај 2024 година.
Тој целосно го избриша својот профил во септември.
Сега мрежата е управувана и во доминантна сопственост на главниот извршен директор Џеј Грабер како американска корпорација од јавен интерес.
Зошто се здобива со популарност?
Bluesky постои од 2019 година, но беше мрежа на која што можевте да се регистрирате само со покана до февруари оваа година.
Тоа им дозволуваше на програмерите да се справат со сите проблеми зад сцената, да се обидат да го стабилизираат пред да ги отворат вратите за пошироката јавност.
Планот донекаде функционираше. Но, налетот на нови корисници беше толку значаен во ноември што и понатаму има проблеми со прекини.
Не е случајно што бројот на нови корисници на Bluesky се зголеми по успехот на Доналд Трамп на американските избори во ноември.
Сопственикот на X, Илон Маск, беше голем поддржувач на Трамп за време на неговата кампања и ќе биде силно вклучен во неговата администрација.
Неизбежно, ова доведе до политичка поделба, при што некои луѓе го напуштија Х во знак на протест.
Но, други наведоа различни причини, како што е весникот Гардијан кој избра да престане да објавува таму бидејќи го нарече Х „токсична медиумска платформа“.
Во меѓувреме, апликацијата на Bluesky продолжува да добива значителни преземања ширум светот и неколку дена со ред е најпопуларна бесплатна апликација во продавницата за апликации на Apple.
Неколку познати личности, од поп-пејачката Лизо до Грег Дејвис од Taskmaster, објавија дека се приклучуваат на платформата и ја ограничуваат нивната употреба – или во некои случаи целосно го напуштаат X.
Други имиња што може да ги препознаете се Бен Стилер, Џејми Ли Кертис и Патон Освалт.
Но, овој раст, иако значителен, ќе мора да продолжи долго време пред Bluesky да може да му постави вистински предизвик на својот ривал во микроблогирањето.
X не ги споделува своите вкупни броеви на корисници, но се разбира дека се мери во стотици милиони, при што Илон Маск претходно изјави дека платформата има 250 милиони корисници секој ден.
Како Bluesky заработува пари?
Тоа е прашање од милион долари, буквално.
Bluesky започна со финансирање од инвеститори и фирми за ризичен капитал и собра десетици милиони долари преку овие средства.
Но, со толку многу нови корисници, ќе треба да се најде начин да се платат сметките.
Претходно, во најславните денови на Твитер, страницата огромното мнозинство од своите пари ги заработуваше преку рекламирање.
BlueSky рече дека сака да го избегне ова. Наместо тоа, рече дека ќе продолжи да ги разгледува платените услуги, како што е луѓето да плаќаат за сопствени домени во нивното корисничко име.
Тоа звучи комплицирано, но во основа се сведува на тоа што корисничкото име на една личност е уште поперсонализирано.
На пример, може да значи дека вашето корисничко име наместо да има .bsky.social, може да ја содржи вашата компанијата.
Застапниците на оваа идеја велат дека таа се удвојува како форма на верификација бидејќи организацијата што ја поседува веб-страницата ќе мора да ги одобрува сите дополнителни домејни.
Ако сопствениците на Bluesky продолжат да избегнуваат рекламирање, тие неизбежно ќе треба да гледаат на други пошироки опции, како што се функциите за претплата, како начин да ја одржуваат платформата.
Но, иако не заработува многу пари, тоа не би било невообичаено за технолошките стартапи.
Всушност, Твитер, пред да биде купен од Маск во 2022 година, оствари профит само двапати во осумте години на јавно тргување.
И сите знаеме како заврши тоа – огромна награда за инвеститорите кога најбогатиот човек на светот плати 44 милијарди долари за привилегијата да го поседува.
Засега иднината на Bluesky останува непозната, но доколку продолжи нејзиниот раст, се е можно.