Shtip fashion days ќе ги собере најпознатите штипски модни брендови

Модните компании од Штип ќе ги презентираат своите брендови на претстојниот Shtip Fashion Days, кој ќе се одржи на 30 септември, 1 и 2 октомври. Покрај нив, на настанот ќе учествуваат и студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ со две модни ревии. Овој настан е организиран од Општина Штип, град познат по својата долга традиција во текстилната и модна индустрија.

Дополнително, се одржа официјална фотосесија на која македонски инфлуенсери ги промовираа колекциите на штипските модни брендови, подготвувајќи ја јавноста за тоа што ќе следува на Shtip Fashion Days во поранешната фабрика „Македонка“.

Најново

Последни колумни