Седум фактори поради кои земјотресите се смртоносни

Многу земјотреси во историјата на човештвото биле смртоносни. Во последно време земјотреси погодиле Мјанмар и Тајланд, Јапонија, Хаити, Мароко, Турција, Сирија, Непал…

Кога зборуваме за тоа колку е голем некој земјотрес, спомнуваме магниуда, но таа не е единствениот фактор кој го определува колку катастрофален земјотрес може да биде.

Многу земјотреси во историјата на човештвото биле смртоносни. Во последно време земјотреси погодиле Мјанмар и Тајланд, Јапонија, Хаити, Мароко, Турција, Сирија, Непал


Обично биле исклучително силни, над седум степени по Рихтер. Но, во 2019 година, земјотрес од 7,1 магниуда го погодил американската држава Калифорнија, но не се пријавени жртви ниту голема штета на инфраструктурата.

Постојат многу фактори кои влијаат на тоа колку ќе биде тежок земјотресот во поглед на бројот на загинати и разурнувањето.

Еве ги најзначајните:

1. Магниуда и траење

Земјотресите се мерат со скала наречена Магниуда на потресот (Mw). Таа ја замени познатата Рихтерова скала која денес се смета за застарена и помалку точна. Бројот што му се доделува на земјотресот претставува комбинација на растојанието колку се преместиле линиите на расед и силата која ги преместила.

Земјотрес од магниуда 2,5 или помал обично не може ни да се почувствува, но може да се детектира со инструменти. Земјотресите до магниуда 5 се чувствуваат и предизвикуваат мала штета. Земјотрес на Тибет со магниуда 7,1 бил дефиниран како умерен до силен, а земјотресот во јужна Турција и Сирија од февруари 2023 година со магниуда 7,8 бил класифициран како голем.

Сè што е над 8 се класифицира како „голем” и предизвикува катастрофална штета која може целосно да уништи заедници.

Колку што е подолго трае , толку повеќе се зголемува уништувањето.

2. Длабочина

Но, самата големина на земјотресот не е единствениот значаен фактор: локацијата на Земјата каде што започнал земјотресот исто така е важна.

Во случајот на земјотресот во Мароко, епицентарот бил на 18 километри под површината на Земјата.

За споредба, земјотрес од магниуда 6,2 што го погодил оддалечениот регион на Индонезија имал длабочина од 168 километри.

Не биле пријавени жртви.

3. Време на денот

Земјотресот што го погодил централно Мароко се случил во 23:11 по локално време, што е фактор кој може да има значително влијание на смртноста.

„Многу згради беа уништени додека луѓето спиеја”, изјавила докторката Кармен Солана за Би-Би-Си.

4. Структура на градбите

Можеби е можно да се изградат згради кои ќе издржат сите земјотреси освен најсилните.

Јапонија, земја која се смета за најпогодена од земјотреси, е пионер во изградба на отпорни згради. Кога зградата може да апсорбира сета енергија од земјотресот, таа нема да се урне. Но, изградбата на вакви згради е скапа и материјалите, како и буџетите за градба, се многу различни во различни делови од светот.

5. Густина на населеноста

Земјотресот на Хаити со магниуда 7,0 од јануари 2010 довел до огромен број на жртви и масовно разурнување. Приближно 250.000 луѓе загинале, а над 1,5 милиони останале без дом. Причината за тоа е големата густина на населеноста во главниот град Порт о Пренс, која изнесува повеќе од 27.000 луѓе по квадратен километар.

6. Тип на тло

Шансите за преживување земјотрес во голема мера зависат од тоа колку е цврсто тлото под ногата. Ако земјата е слабо збиена и со влажни седименти, површината е помалку способна да издржи силен земјотрес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни