Се остварија прогнозите: Шведска победи на Евровизија 2023

Се остварија прогнозите и на обложувалниците и на вештачката интелигенција, Шведска е победникот на 67-то издание на Евровизија, кое годинава се одржа под мотото „Обединети од музика”. Иако како минатогодишен победник се закити Украина поради воените случувања Евровизија 2023 се одржа во Обединетото Кралство чиј претставник заврши како втор на листата.

Со вкупно 583 гласови кои и го донесоа првото место Лорин стана втората пејачка во историјата што победила два пати на овој натпревар. Ирскиот пејач Џони Логан е единствениот што досега победил три пати на ова натпреварување – два пати како изведувач и еднаш како автор на песна.

Со победата на „Тату“ од Лорин догодина Евросонг се сели во Скандинавија. Следната година кога домаќин на Евровизија е Шведска, земјата одбележува јубилеј од 50 години од победата на Абба во 1974 со „Waterloo“.

АББА е шведска поп-група, формирана во Стокхолм во 1972 година од Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад. АББА всушност е акроним од првите букви на нивните имиња. Тие станале едни од најпознатите успешни изведувачи во историјата на поп музиката, достигнувајќи го врвот на топ листите во целиот свет од 1972 година до 1982 година. Тие се исто така познати по победата на Евровизија во 1974 година, донесувајќи ѝ ја на Шведска првата победа во историјата на натпреварот и станувајќи најуспешната група која некогаш учествувала на тој натпревар.

АББА „Ватерло“ • Евровизија 1974 година

Низа спектакуларни и гламурозни моменти му претходеа на официјалниот дел. Покрај тоа што публиката се потсети на минатогодишниот победник се воодушевуваше и на изненадувањето од принцезата од Велс. Пред почетокот на финалето таа на пијано свиреше песна посветена на Украина.

Патот до финалето на Изборот за песна на Евровизија 2023

Во првата полуфинална вечер на Евровизија 2023 во финалето се пласираа: Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка. Додека пак настапите на земјите Малта, Летонија, Ирска, Азербеџан и Холандија не обезбедија место во финалето.

Во втората полуфинална вечер на Евровизија 2023 во финалето се пласираа: Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Полска, Австралија, Ерменија, Словенија. За Сан Марино, Грузија, Исланд, Грција, Белгија и Романија немаше место во финалето, според бројот на гласовите.

Вкупно 37 држави се претставија на Евровизија, односно три помалку од минатата година откако покрај Македонија, учеството го повлекоа и Бугарија и Црна Гора. Од земјите од регионот, Србија, Хрватска и Албанија се пласираа во финалето, но не и Грција.

Инаку, за првпат по дваесет години, Македонија нема свој претставник на ова големо музичко натпреварување, откако Македонската радио-телевизија (МРТ) соопшти оти нема да учествува поради енергетската криза и скратените финансии.

Мразот на натпреварувачкиот дел го скрши Австрија. По неа следуваа настапите на Португалија, Швајцарија, Полска, Србија, Франција, Кипар, Шпанија, Шведска, Албанија, Италија, Естонија, Финска, Чешка, Австралија, Белгија, Ерменија, Молдавија, Украина, Норвешка, Германија, Литванија, Израел, Словенија, Хрватска и домаќинот Велика Британија.

Евровизија се отвори кон целиот свет – гласаа и оние кои не учествуваа

Првите 12 поени победничка Шведска ги доби од минатогодишниот победник Украина. Иако Шведска важеше за фаворит не далеку зад неа беше Израел. Во приближно темпо со нив котираше и Италија. Последен гласаше домаќинот Велика Британија.

Според вкупниот број на поени зад Шведска се најде Финска, а првата петорка се заокружи со Израел, Италија и Норвешка. Од земјите во регионот најдобар успех имаше Хрватска која заврши на 13-то место, додека пак Албанија се најде на 22-то, а Србија на 24-то место. На последното 26-то место заврши Германија.

Како започна Евровизија во 50-тите години на минатиот век

1956 Швајцарија: Лис Асија – Рефрен (Победник на првиот натпревар за песна на Евровизија во Лугано)

Нејзината историја започнува во 50-тите години, со обновувањето на воено-разурнатата Европа. Европскиот радиодифузен сојуз со седиште во Швајцарија формира ад-хок комисија за да пронајде начини да ги обедини земјите од Европскиот континент преку „забавна програма“. На состанокот на комисијата одржан во јануари 1955 година во Монако, генералниот директор на швајцарската телевизија и претседателот на комисијата Марсел Бесон дошол до идеја за интернационален избор на песна, каде земјите ќе учествуваат во една телевизиска програма, која ќе биде пренесувана истовремено во сите земји на унијата.

Првото издание се одржало во градот Лугано, Швајцарија на 24 мај 1956 година каде учество зеле седум земји – секој изведувајќи по две песни, за да има вкупно 14. Ова бил единствениот избор кога се изведувале повеќе од една песна од страна на една држава: од 1957 година било дозволено да се изведува една песна од страна на една држава. На изборот во 1956 година победила земјата домаќин, Швајцарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни