Ин витро оплодувањето (IVF) постои уште од 1978 година, кога беше родена првото „бебе од епрувета“. Оваа метода им помогна на милиони парови да станат родители, но таа има и свои недостатоци, како што се долги циклуси на лекување и високи трошоци.
Сега е развиена нова технологија под името Fertilo, која ветува побрз, побезбеден и поефикасен процес на IVF.
Fertilo е техника која ја создала биотехнолошката компанија Gameto. Оваа метода користи посебни матични клетки за да го подобри процесот на вантелесна оплодна, намалувајќи ја потребата за голем број хормони, кои се потребни во традиционалналното ин витро. Фертилио користи матични клетки кои помагаат во созревање на јајните клетки и овозможуваат создавање ембриони во лабораторија.
Една од најголемите предности на методата Фертилио е тоа што бара 80% помалку хормони отколку традиционалниот IVF, а лекувањето трае само три дена.