РеТрн со Дениз Абдула и Лара Иванова

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Иако Лара Иванова се уште студира балетска педагогија, таа е и многу успешнa македонска пејачка, a некои од нејзините видеа на YouTube веќе имаат милионски прегледи.

Со музика почнала да се занимава на 5 годишна возраст кога настапиила на детскиот фестивал “Супер Ѕвезда”.
Нејзината професионална музичка кариера започнува со настап на “Макфест” во 2019 година. А, до сега има освоено многу значајни награди на музички план, меѓу кои: награда за најдобра вокална интерпретација на “Макфест”, награда за најперспективна пејачка на “Златна Бубамара” и најважната за неа – победата на “Макфест” со песната “Бела” во дует со Пајак.

Нејзина цел е да остави свој печат во македонската поп музика, нешто својствено само за неа по што ќе ја препознава публиката. И секако, сонува еден ден да има свој солистички концерт.

Најново

Последни колумни