На избрите во Хонг Конг излезеноста е само 27,5% , откако им беше забрането на опозициските демократи да се најдат на гласачкото ливче. Ова се случува во услови на репресии за национална безбедност и на овие таканаречени „патриотски избори’’ многу од гласачите не гласале затоа што ги сметаат за недемократски.
Драстичниот пад на одѕивот од последните вакви избори во 2019 година доаѓа откако Пекинг наметна сеопфатен закон за национална безбедност и го промени изборниот систем за да ги исклучи демократите и другите либерали од изборните процеси.
„Може да се види дека сите почнаа да чувствуваат дека изборите немаат никакво значење“,вели Лемон Вонг, еден од ретките преостанати демократи кои сè уште се вклучени во локалната политика. „Дури и поддржувачите на моменталната власт се прашуваат зошто треба да гласаат затоа што се е исто“.
Претходниот најмал одѕив беше 35,8% во 1999 година. Пред четири години на последните локални избори за време на масовните продемократски протести во Хонг Конг, рекордната излезност од 71% донесе убедлива победа на демократскиот табор во жестоко оспоруваното гласање.
За овие избори, сите кандидати требаше да поминат низ проверки за националната безбедност и да обезбедат номинации од две провладини комисии.
Водачот на Хонг Конг, Џон Ли, кој во последните недели се обиде да собере јавна поддршка за изборите, повторно го бранеше нивниот легитимитет со оглед на потребата да се обезбеди стабилност во Хонг Конг, која се врати од британско во кинеско владеење во 1997 година.
„Тоа е последното парче од сложувалката за нас да ги спроведеме принципите на патриотите кои управуваат со Хонг Конг“, рече Ли откако го даде својот глас. Тој додаде дека изборите во 2019 година биле искористени за саботирање на владеењето и загрозување на националната безбедност.
Додека некои западни влади го критикуваат авторитарниот пресврт на Хонг Конг според законот за национална безбедност, Кина вели дека донела стабилност во финансискиот центар по долготрајните продемократски протести во 2019 година.
Извор: theguardian.com