Рекордна емисија на СО2 од фосилни горива – научниците предупредуваат на разорни временски услови

Глобалната емисија на јаглерод диоксид од фосилни горива годинава ќе достигне рекордни висини и ќе ги влоши климатските промени и ќе придонесе за појава на разорни и екстремни временски прилики, предупреудваат научниците.

Извештајот за глобалниот буџет на јаглерод диоксид беше објавен денеска по повод самитот за климата COP28 и тој вели дека вкупната емисија на CO2, која минатата година достигна рекордни висини, во 2023 година стагнира поради благото намалување на искористувањето на земјиштето, како што е сечењето на шумите.

Се очекува дека државите ќе емитуваат вкупно 38,6 милијарди метрички тони CO2 од фосилни горива во 2023 година, односно дека емисијата ќе порасне за 1,1% во однос на претходната година, се вели во извештајот на научниците од над 90 институции.

Кога ќе се вклучи и емисијата настаната со искористување на земјиштетот, глобалната емисија на CO2 годинава треба да биде вкупно 40,9 милијарди тони. Емисијата од јаглен, нафта и гас пораснала најмногу поради Индија и Кина, Растот на емисијата во Кина се должи на повторното подигање на економијата на земјата после затворањето за време на пандемијата на корона вирусот, а во Индија растот на емисијата е предизвикан од зголемената побарувачка за енергија, за која обновливите извори не се доволни, а тоа се надополнува со фосилни горива.

Челниците кои се состануваат на COP28 ќе мора да договорат итни мерки за намалување на емисијата на гасови од фосилни горива за да не ја надминат границата од 2 степени Целзиусови. Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН вели дека емисијата на гасови мора да се намали за 43% до 2030 година за затоплувањето да не ја надмине границата од 1,5 степени Целзиусови.

Извор: dnevnik.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни