Рак- тивкиот убиец на 10 милиони луѓе годишно

Во светот во 2022 година биле дијагностицирани 19.976.499 случаи, а 9.743.832 починале од оваа болест. Ракот останува и понатаму најголема причина за смрт во светот, веднаш по кардиоваскуларните болести. Во Македонија 7.563 нови случаи на рак биле регистрирани во 2022 година, покажува статистиката на Интернационалната агенција за истражување на ракот на СЗО „Cancer Today“. Таа година во земјава од карцином починале 4.364 лица

Дури 7.563 нови случаи на рак биле регистрирани во земјава во 2022 година, покажува статистиката на Интернационалната агенција за истражување на ракот на СЗО „Cancer Today“. Таа година во земјава од карцином починале 4.364 лица.

Во светот во 2022 година се дијагностицирани 19.976.499 случаи, а 9.743.832 починале од оваа болест. Ракот останува и понатаму најголема причина за смрт во светот, веднаш по кардиоваскуларните болести. Болеста се појавува почесто во развиентите земји чие население живее подолго, но за жал смртноста е повисока во неразвиените и во земјите во развој каде скрининг програмите за рана детекција не се развиени, а пристапот до лекови е ограничен.

Според податоците на ,,Cancer Today”, во Македонија од рак почесто заболуваат мажите од жените. Во 2022 година болеста е откриена кај 4.259 мажи и 3.304 жени. Иако ракот се смета за болест која ги погодува луѓето во подоцнежна возраст, сепак во последно време се повеќе млади лица заболуваат ок карцином. Речиси 22 отсто од сите заболени во 2022 година биле под 75 годишна возраст.  Од нив  25,7 проценти се мажи и 19,0% се жени. Мажите најчесто заболуваат од рак на белите дробови, од рак на простата и од колоректален карцином, додека кај жените најмногу се дијагностицира рак на дојка, колорекатален карцином и рак на матка.

Податоците на „Cancer Today“ покажуваат дека 2.607 лица починале од рак во 2022 година во Македонија. Од нив 1.757 мажи и 4.364 жени. Дури 12.7 проценти од сите починати биле помлади од 75 години. Најчести карциноми кои предизвикале смрт се белодробниот, колоректалниот и ракот на дојка.

Според податоците на ,,Cancer Today”, во 2022 година во Македонија, од карцином на бели дробови заболеле 1.150 лица, а истата година од оваа болест биле регистрирани 1.002 смртни случаи. Од рак на дојка заболеле 1.096, а починале 379 жени. Карциномот на дебелото црево бил регистриран кај 900 пациенти, а 518 починале во 2022 година од овој тип на рак.

За мажите особено фатален е карциномот на простата од кој во 2022 година заболеле 790 мажи, а починале 287. Карциномот на желудник бил регистриран кај 370 лица, а починале 287. Ракот на матката е особено опасен за жените и во 2022 година од овој карцином се забележани 298 случаи, а 77 жени починале. Од рак на бешика во земјава заболеле 283 лица и починале 135. Од карциноми на централниот нервен систем и мозокот имало реистрирани 261 лице и 225 починати. Според бројот на заболени, следуваат карциномот на панкреас и на црн дроб од кои заболеле 253 односно 231 пацинет.

Она што загрижува, е се поголемата број на заболени од рак на кожата или меланомот. Во 2022 година од овој тип на карцином заболеле 189 лица во земјава, а починале 79. Над 100 случаи на заболени се регистрирани од карцином на ларингс, на грло на матка, на јајници и на бубрег , како и од леукемија.

Генерално најмногу случаи се регистрирани на рак на дојка, а најголема смртност, дури 26.8% дава ракот на белите дробови.

„Cancer Today“ на СЗО овозможува сеопфатна проценка на оптоварувањето со рак во светот во 2022 година во 185 земји за 36 типови на рак по пол и возрасна група. Јасната потреба за инвестирање во регистрација на рак заснована на население во земјите со низок и среден приход, доведе до лансирање на Глобалната иницијатива за развој на регистарот за рак чија цел е да ја информира контролата на ракот преку дефинирани подобрувања во покриеноста, квалитетот и употребата на податоците за регистрација на рак засновани на популација ширум светот.

Податоците во светски рамки покажуваат дека во зветот 20 милиони луѓе заболуваат од рак и тоа најчесто од рак на бели дробови, рак на дојка, колоректалниот карцином, карциномот на простата, на желудник и на црн дроб, додека според смртноста, највисоко на скалата се белодоробниот карцином, колоректалниот карцином, карциномот на црн дроб и на дојка.

Повеќето случаи на рак првично се дијагностицираат при клинички преглед по откривањето на знаци или симптоми на ракот. Меѓутоа, за конечна дијагноза и типизација на ракот најчесто е потребно мислење од патолог, вид на лекар кој е специјализиран за дијагностицирање на рак и други болести. Тестовите кои се вршат на луѓе што може да имаат рак вклучуваат крвни слики, рендген снимки, снимање на мозокот и ендоскопија.

Заштитата од рак се дефинира како преземање активни мерки за намалување на појавата на рак. Мнозинството на ризични фактори за појава на рак се поврзани со животната средина и начинот на живеење, што значи дека постои заштита од ракот. Повеќе од 30% од случаите со рак може да се спречат ако се избегнуваат неколку фактори на ризик како: тутунот, преголемата тежина, недоволно конзумирање на овошје и зеленчук, физичка неактивност, алкохол, сексуално преносливи болести и загадување на воздухот. Примери за приспособливоста на факторите на ризик се конзумирање на алкохол (поврзано со зголемен ризик од устен рак, рак на хранопроводот, на дојката итн), пушење (80% од жените заболени од рак на бели дробови биле пушачи, 90% од мажите), физичка неактивност (поврзана со зголемен ризик од рак на дебелото црево, градите, ендометриумот и други видови рак).

Според епидемиолошките докази, сега знаеме дека избегнувањето на претерано конзумирање алкохол може да придонесе за намалување на ризикот од одредени видови рак. Сепак, споредено со изложеноста на тутун, силата на овие докази е често слаба. Други фактори на животната средина и начинот на живеење кои влијаат врз ризикот од рак (или поволно или неповолно) се одредени сексуално преносливи болести, употребата на егзогени хормони, изложувањето на јонизирачко зрачење и ултравиолетово зрачење од сонцето или солариумите, и одредени изложувања на работното место. Рано откривање и следење на ракот вклучуваат напори за да се забележи ракот пред да се појават симптомите.

Ова може да вклучува физичко испитување, тестови на крв и урина или медицинска визуелизација. Иако тестовите за рано откривање и следење на ракот носат ризици, имаат повеќе позитивни страни, една од нив е раното откривање и лечење, особено ако се препорачуваат за голем дел од населението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни