Птичји грип ја затвори Зоо Скопје на 21 ден – Еве кога повторно ќе се отвори!

Скопската Зоолошка градина повторно ќе биде достапна за посетителите од сабота, 9 ноември, откако беше затворена цели три недели поради потврден случај на птичји грип кај гуска што долетала на нејзина територија.

Од Зоо Скопје објавија на Фејсбук дека со нетрпение ги очекуваат посетителите, со работно време од 09:00 до 17:00 секој ден. Се апелира за уживање во есенските денови, под нови мерки за безбедност и надзор.

За да се спречи ширењето на болеста, извршено е хумано отстранување на 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка. Сите вработени и една посетителка која се тестирала се негативни на птичјиот вирус, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни