Настанот ќе ги спои уличната храна, музиката и добрата енергија во единствена тридневна приказна под отворено небо.

Посетителите ќе имаат можност да пробаат специјалитети на 10 штандови со највкусна улична храна, да се забавуваат на детски креативни работилници, да уживаат во pet corner катчето за миленици, како и во социјални игри што носат дружење и смеа. Атмосферата ќе биде збогатена со музичка програма преку целиот ден, а секоја вечер ќе следи голема забава.

Организаторите повикуваат: „Дојдете со пријателите, семејството и миленичињата – да уживаме заедно под отворено небо со вкусна храна, добра музика и многу насмевки.“

Street Food Picnic vol. 1 е замислен како почеток на нова традиција во градот, која го слави вкусот, креативноста и заедништвото.
