Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО)

Прв национален Водич за перименопауза во Македонија

Овој Водич претставува прв систематизиран документ во нашата земја со јасни насоки за матичните лекари и гинеколозите за тоа како навремено да препознаат, третираат и поддржат жени во оваа важна животна фаза.

Денес, во рамки на XXI Конгрес на Македонското лекарско друштво, го претставивме првиот национален Водич за перименопауза, изработен во соработка помеѓу Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), со поддршка на национална мултидисциплинарна експертска група.

Овој Водич претставува прв систематизиран документ во нашата земја со јасни насоки за матичните лекари и гинеколозите за тоа како навремено да препознаат, третираат и поддржат жени во оваа важна животна фаза.

Со Водичот се воспоставуваат:стандарди за рано препознавање на симптомите;насоки за навремена дијагноза и третман;основа за мултидисциплинарен пристап и интегрирана грижа.

Со овој чекор, Македонија конечно започнува да ја препознава перименопаузата како клучен дел од женското здравје и им овозможува на жените достапна, квалитетна и интегрирана поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни