Денес, во рамки на XXI Конгрес на Македонското лекарско друштво, го претставивме првиот национален Водич за перименопауза, изработен во соработка помеѓу Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), со поддршка на национална мултидисциплинарна експертска група.
Овој Водич претставува прв систематизиран документ во нашата земја со јасни насоки за матичните лекари и гинеколозите за тоа како навремено да препознаат, третираат и поддржат жени во оваа важна животна фаза.
Со Водичот се воспоставуваат:стандарди за рано препознавање на симптомите;насоки за навремена дијагноза и третман;основа за мултидисциплинарен пристап и интегрирана грижа.
Со овој чекор, Македонија конечно започнува да ја препознава перименопаузата како клучен дел од женското здравје и им овозможува на жените достапна, квалитетна и интегрирана поддршка.