Официјалната истрага заклучила дека причината за трагичната несреќа е прекинато јаже.
Иако бил активиран и итниот кочничен систем, тоа не било доволно за да се запре жичарницата и да се спречи трагичниот исход во кој загинаа 16 лица.
Наодите се објавени во извештајот на Португалската канцеларија за превенција и истрага на авионски и железнички несреќи (GPIAAF).
Чудо во урнатините
Меѓу драматичните моменти од трагедијата се издвојува спасувањето на едно 3-годишно дете, извлечено живо и со полесни повреди од урнатините. Детето, со германско потекло, патувало со своите родители. Таткото починал на самото место, додека мајката се бори за живот во болница во Лисабон.