Станува збор за уникатен проект, првиот винил со две предни страни, кој ќе ги содржи најпознатите хитови од славното шоу К-15.
На страна „абеА“ се вклучени песните: „Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева“, „Шуруп“ и „Пауза“.
На страна „абеБ“ се наоѓаат: „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да веслам“, „Маде ин“ и „Градинарот“.
Особено интересна е можноста за обожавателите — секој што ќе го нарача винилот во претпродажба до 25 октомври 2025 година, ќе може неговото име да биде отпечатено на внатрешната корица на плочата.
„Внатрешната корица се полни со вашите имиња! Благодарност до сите кои веќе нарачаа – вие сте дел од винилот!“ – порачаа од К-15.
Нарачките се достапни исклучиво преку duris.shop, а претпродажбата трае до 25 октомври.
К-15 ги повикува сите љубители на нивниот хумор и музика:
„📣 Нарачај го веднаш првиот винил на ‘Дуо Трио’ и добиј ја плочата со твоето име отпечатено на внатрешната корица! ⏰ Понудата важи само во претпродажба!“