Прв скопски вело-бус

Идејата на настанот меѓу другото е да се проба со свежи млади сили да се натераат општинарите да возат заедно со децата и пополека да ги подобруваат условите на маалските улици, па и да направат т.н. „улични коридори“ околу училиштата

Првиот скопски вело-бус ќе се вози 4 дена наредната недела, секој ден во различна општина. Бидејќи се вози пред првиот училиштен час групата ќе се собира во 7:00 или 7:30 наутро (зависи кога почнува часот во најблиското училиште).

Сите оние кои сакаат да се приклучат со своите деца, да помогнат во организација, да се видат со некои од градоначалниците или само да се повозат рано наутро, ова се локаците.

Понеделник, 16.09 – Кисела Вода – 6:45

Вторник, 17.09 – Гази Баба (Железара) -7:15

Среда, 18.09 – Центар (Дебар Маало)- 7:15

Петок 20.09 – Аеродром -6:45

Рутата можете да ја видите на овој линк – https://shorturl.at/MZCxm

Bike bus e една доста кул активност во која родители, наставници и активисти возат точаци во група заедно со локални деца. Возат од домовите на децата до нивните училишта.

Идејата на настанот меѓу другото е да се проба со свежи млади сили да се натераат општинарите да возат заедно со децата и пополека да ги подобруваат условите на маалските улици, па и да направат т.н. „улични коридори“ околу училиштата.

Најново

Последни колумни