Просечен Европеец користи 20 кг тоалетна хартија годишно – кои се зелените алтернативи?

Одењето во тоалет е неопходно, но колку често одвојуваме време за да размислиме како влијаат нашите навики во бањата врз животната средина?

Откако економијата забележа огромна палета на хигиенски производи кои се појавија на пазарот, а широко распространета стана и тоалетната хартија, треба да се постави прашањето за нејзиното влијание врз животната средина.

Се проценува дека просечен човек во САД, Канада и во западна Европа користи помеѓу 15 и 25 килограми тоалетна хартија годишно.

Европското биро за животна средина вели дека претворањето на дрвото во хартија е процес којшто загадува, а при додавањето на мириси во тоалетната хартија често се користат непотребни хемикалии.

ЕУ се согласи со правилата со кои ќе се забрани продажбата на производи кои потекнуваат од обесшумена земја. Сепак, нивното воведување беше загрозено минатата година, потег што предизвика протест во Европскиот парламент од страна на еколошки активисти. Членовите на групата Canopée влегоа во зградата на Парламентот и тоалетната хартија ја заменија со пораки за поддршка на новата регулатива.

Забраната сега е прифатена, но примената е одложена до 30 декември 2025 година за големите и средни компании, и до 30 јуни 2026 година за микро и малите претпријатија за да им се даде повеќе време да се усогласат.

Кога станува збор за тоалетната хартија се појавија и нови грижи. Во 2023 година, истражувачите од Универзитетот во Флорида проверуваа 21 марка на тоалетна хартија во Северна Америка, Западна Европа, Африка, Централна Америка и Јужна Америка за PFAS (по и полифлуороалкилни супстанции), исто така познати како „засекогаш хемикалии“

„Нашите резултати сугерираат дека тоалетната хартија треба да се смета како потенцијално главен извор на PFAS што влегува во системите за отпадна вода“, заклучија тие, додавајќи дека е неопходно дополнително истражување.

Но кои се алтернативите на тоалетната хартија? Во делови од светот популарни се бидетите или таканаречениот бумгун (еден вид рачно црево што се користи за чистење). Застапниците велат дека усвојувањето на биде или бумгун е одржлив начин да се намали употребата на тоалетна хартија.

Сепак, Џовани Де Фео, вонреден професор по животна средина и санитарно инженерство на Универзитетот во Салерно, тврди дека додека се разговара за влијанието врз животната средина, треба да се земат предвид и придобивките од користењето на тоалетната хартија

„Тоалетната хартија беше револуционерен изум кој се користеше за решавање на санитарниот проблем“, смета тој. Де Фео верува дека тоалетната хартија одиграла улога во подобрувањето на санитарните услови и намалувањето на смртните случаи.

„Ни треба тоалетна хартија“, продолжува тој. „Но, можеме да ја намалиме количината на тоалетна хартија што ја користиме затоа што дури и ако користиме едно парче помалку, можеме да заштедиме три литри вода“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни