Археолозите ја пронајдоа мистериозната фигура на локацијата Бахра 1 во Кувајт и ја опишаа како „статуа со издолжен череп, коси очи и рамен нос, донекаде налик на вонземјанин или капа од франшизата за Хари Потер“.
Можеби изгледа чудно, но фигурите како оваа биле вообичаени во античка Месопотамија, иако ова е прв пат да се најде во Кувајт или во Арапскиот Залив.
Археолозите кои го откриле го опишале како „целосна сензација“.
„Откривањето на фигурата беше целосно изненадување за целиот тим“, изјави лидерот на експедицијата Агњешка Шимчак за Live Science, додавајќи:
„Тоа беше првата ваква фигурина меѓу повеќе од 1.500 фигурини ископани не само на локацијата Бахра 1, туку и од регионот на Арапскиот Залив.“
Археолозите, исто така, истакнаа дека фигурата е направена од глина од Месопотамија, а не од груба црвена керамика што вообичаено се наоѓа низ Арапскиот Залив.
Заеднички кувајтско-полски тим ископа една од најстарите населби на Арапскиот Полуостров (околу 5500-4900 п.н.е.).
Археолозите истакнаа дека иако наодот е типичен за фигурини од неолитската заедница Убаид, тој е прв од ваков вид откриен во регионот на Заливот.
За што била фигурата сè уште не е познато, иако некои истражувачи веруваат дека може да претставува древен модел за „калапи за глава“ што го користела заедницата Убаид, која живеела во областа на Арапскиот Залив околу 5000 (или 5500) до 4000 п.н.е.