Просветните работници во Србија со остра реакција

Предвременото полугодие е насилно воведување на вонредна состојба!

Со оваа мерка во училиштата недвосмислено е воведена вонредна состојба. Наставниците во сите училишта без исклучок негодуваат поради фактот што полугодието се завршува порано. Кога сме имале слични ситуации во минатото, тие биле предизвикани од вонредни епидемиолошки мерки, како свински грип, а потоа и корона. Никогаш до сега немавме непознати причини поради кои е загрозена безбедноста на учениците, па тоа било повод за прекин на годината

По одлуката на Владата на Србија да го прекине првото полугодие и да прогласи почеток на распуст на 24. декември, просветните работници бараат објаснување од Владата за причината за оваа мерка, а како одговор подготвуваат неколку опции.

Според зборовите на наставниците, поголемиот дел од просветните работници одбиваат да им ги заклучат оценките на учениците, бидејќи не сакаат да ги оштетат, а прекинот на полугодието го гледаат како насилно воведување на вонредна состојба, што досега било применувано само во време на здравствени кризи, кога децата биле на било каков начин во опасност, што сега не е случај.

Одлуката на Владата наиде на општо незадоволство кај сите просветни работници во земјата, кои бараат итна оставка на целокупното раководство на Министерството за образование, на чело со Славица Ѓукиќ-Дејановиќ.

„Со оваа мерка во училиштата недвосмислено е воведена вонредна состојба. Наставниците во сите училишта без исклучок негодуваат поради фактот што полугодието се завршува порано. Кога сме имале слични ситуации во минатото, тие биле предизвикани од вонредни епидемиолошки мерки, како свински грип, а потоа и корона. Никогаш до сега немавме непознати причини поради кои е загрозена безбедноста на учениците, па тоа било повод за прекин на годината“, велат наставниците.

Во се поголем број на училишта во Србија се јавува отпор за заклучување на оценките. Постојат два модели што сега можат да се воведат, еден е да се заврши првото полугодие официјално во јануари, кога календарски требаше да започне второто. Овој модел беше применет во 2009 година за време на свинскиот грип. Друг модел е да се заклучат оценките на основа на постојната состојба. Во врска со најавата на Министерството за образование дека ќе биде овозможена да се поправат оценките и следната недела, наставниците тврдат дека тоа уште повеќе ќе ја искомпликува веќе катастрофалната ситуација.

„Поправањето на оценките вонредно ќе значи општ хаос. Само направија уште поголема забуна, да беа поподготвени до ова не би дошло, но не знаат како да управуваат со кризна ситуација во која се наоѓаме. Сега треба да се одлучи дали поправката на оценките ќе биде во термини на часови или ќе се договара со наставниците по предмети, ништо не знаеме. Голем број гимназии одлучиле дека нема да ги заклучуваат оценките. Никогаш не сме имале ваква хаотична ситуација“, велат професорите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни