Проектот „Безбеден град“ стартува во Скопје, Тетово и Куманово од јануари 2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека проектот „Безбеден град, безбедна држава“ ќе започне од 1 јануари 2026 во Скопје, Тетово и Куманово, како и на коридорите „8“ и „10“.

Овој проект, чија цел е да ги намали сообраќајните несреќи и да ги заштити човечките животи, ќе се прошири низ целата држава до средината на следната година.

Во изјавата дадена денеска во Охрид, Тошковски информираше дека измените во Законот за безбедност во сообраќајот, кои вклучуваат одредби за „Безбеден град“, вчера поминаа прво читање во Собранието. Министерот нагласи дека проектот не предвидува казнување на граѓаните заради полнење на буџетот, туку има за цел да спасува животи.

„Наша главна цел не е да ги казнуваме граѓаните, туку да спасиме барем еден човечки живот. Бројките за сообраќајни несреќи се алармантни – во 2024 година имавме 142 жртви“, изјави Тошковски, додавајќи дека со имплементацијата на системот се очекува значително намалување на жртвите.

Министерот исто така најави дека ќе продолжат контроли и ќе се заострат казните за прекршителите, со вклучување на затворски казни и трајно одземање на возилата во случај на кривични дела.

Извор: Либертас.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни