Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Долно Лисиче (општина Аеродром), додека од 08:30 до 14:30 часот прекин ќе имаат жителите на улица 4 и улица 10 во Сарај.
Од 08:30 до 16:00 часот електрична енергија ќе нема во населбите Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава (општина Студеничани).
Во општина Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот, без напојување ќе останат корисниците на булевар „Борис Трајковски“ – на потегот од крстосницата со патот кон Лисиче до фабриката „Охис“, како и делови од улица 1523, делот од Драчево (од број 77 до 85) и објектите помеѓу „Циле Инжинеринг“ и „Интеграф“.
Во Центар, прекини ќе има од 09:00 до 13:00 часот на улица „Питу Гули“, во околината на српската амбасада, а од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците во блокот згради на потегот од булевар „Партизански одреди“ број 17 до улица „Максим Горки“.
Во Карпош, од 09:00 до 14:30 часот, прекин на снабдувањето е најавен за дел од жителите на улица „Пијанец“.
ЕВН апелира граѓаните да покажат разбирање додека траат планираните активности и информира дека со нормално снабдување ќе се продолжи веднаш по завршувањето на техничките интервенции.
Извор: Nezavisen