Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола – повредени пожарникари, ангажирани сили од цела држава!

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека огнот е ставен под контрола, а производствените линии од 1 до 5 се спасени.

Вчера вечер околу 18:40 часот во Центарот за управување со кризи била пријавена драматична состојба – голем пожар ја зафатил фабриката за кандирани производи и вафли „Винчини“ во Виница. Огнените јазици брзо се прошириле во магацините и погони 6, 7 и 8.

Екипи од повеќе градови – Виница, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес – со сите расположливи капацитети се вклучија во борбата со пожарот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека огнот е ставен под контрола, а производствените линии од 1 до 5 се спасени.

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата, откако нивните чизми останале заглавени во стопен шеќер во еден од погонот. „Чизмите им останаа во смолата и изгореа во стопената маса“, изјави Ангелов.

Паралелно, во текот на вечерта избувна тежок шумски пожар на падините на планината Голак кај Делчево, каде што е зафатена и борова шума. Гаснењето продолжува, а утринава ќе биде вклучен и полициски хеликоптер, а по потреба и „ер тракторите“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни