„Совршена бура“ од топлотни бранови, суша и слабо управување со шумите досега предизвикала сстотиди пожари и запалила 232.000 хектари европско земјиште, предупредуваат експертите. Според податоците од Европскиот систем за информации за шумски пожари (EFFIS), до 15 јули се изгорени 231.539 хектари – што е 119% над долгорочниот просек од 105.586 хектари за овој период од годината. Оваа површина е речиси колку цел Луксембург.
Во последниве недели, пожарите принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат домовите, oднесоа најмалку три животи во Турција, предизвикаа затворања во Каталонија, донесоа масовни евакуации на Крит и направија хаос околу Марсеј.
„Можеме да видиме дека годината се развива како доста екстремна“, вели Сара Картер, истражувачка во Global Forest Watch.
„Ова е и очекувано – бидејќи 2023 беше најтоплата година досега, 2024 исто така, така што топлите и суви услови најверојатно ќе продолжат.“
Како климатските промени го поттикнуваат зголемувањето на шумските пожари?
EFFIS покажува дека бројот на пожари неделно е значително над просекот – 1.230 пожари до 15 јули, споредено со просечните 478. Повеќето од тие пожари се случиле во февруари и март поради суви и топли услови во западна и централна Европа. Истото важи и за вкупната изгорена површина.
Од Европската комисија велат дека по март, бројките се речиси во рамки на просекот.
Картер вели дека не знае точно зошто некои пожари започнуваат порано во годината, но тоа се должи на зголемувањето на температурите и продолжените топли сезони, предизвикани од емисии на стакленички гасови.
„Ако претходно сезона на пожари траела неколку топли месеци, сега се шири и пред и по тој период,“ вели таа. „Топлото лето практично се проширува.“
До 16 јули, според податоци од системот GFAS на Copernicus Atmosphere Monitoring Service, вкупните емисии на јаглерод од пожарите во ЕУ се проценети на 1,9 мегатони.
Овие емисии ја влошуваат ситуацијата – создаваат поволни услови за уште поекстремни пожари.
Кои земји се најтешко погодени во 2025?
Турција има рекордни површини изгорени до сега, особено во јуни и јули, со емисии двојно над просекот.
Велика Британија бележи највисоки емисии од пожари во последниве 22 години, особено поради пожари во Шкотска.
Во Грција, пожарите повторно предизвикаа изгорена површина над просекот.
Романија се издвојува – до сега се изгорени 123.000 хектари, наспроти просечните 23.000 годишно.
Иако изгледа „како цела Европа да гори“, Картер вели дека северна Европа е сè уште релативно отпорна на пожари.
Само 3% од загубата на шумска покривка во Европа во 2024 се должи на пожари – поголемиот дел е резултат на сеча на шуми. Но, во јужна Европа, особено во Португалија, Грција и Шпанија, пожарите предизвикуваат масовна загуба на шуми.
Некои пожари стануваат нефункционални за гаснење
Картер објаснува дека подобро управување со шумите би значело: воведување на мозаичен модел со различна вегетација, избегнување на високо запаливи дрвја како еукалиптус, чување на влага во почвата и создавање на заштитни појаси без запалив материјал
Сепак, на некои места, комбинацијата на суша и силни ветрови значи дека „некои пожари едноставно не можат да се изгаснат.“
Затоа, системите за рано предупредување се клучни за безбедноста на луѓето. Европската комисија преку Joint Research Centre издава предупредувања, а и Global Forest Watch има систем за „аларми за нарушување“.
„Не очекувам многу поразлично лето од вообичаеното,“ вели Картер. „Луѓето треба да бидат подготвени на влошување на квалитетот на воздухот, опасности за домовите, животите и бизнисите, а туристите во јужна Европа треба да бидат внимателни.“