Поранешниот шеф на Google предупреди на „екстремен ризик“ од терористи кои користат вештачка интелигенција

„Секогаш сум загрижен за „сценариото на Осама бин Ладен“, каде што имате некоја навистина зла личност која го презема некој аспект од нашиот модерен начин на живот и го користи за да нанесе штета на невини луѓе

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмидт, предупреди на „екстремен ризик“ од терористи кои користат вештачка интелигенција (AI) и ги повика владите на поголем надзор врз приватните технолошки компании.

„Мојот вистински страв не е она што го споменува мнозинството кога зборуваат за вештачката интелигенција – јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмидт за BBC, споменувајќи ја Северна Кореја, Иран или Русија како земји кои би можеле да имаат зли намери и цели.


Шмидт, кој од 2001 до 2017 година бил на високи позиции во Google, рече дека технологијата може да се користи за создавање биолошко оружје.

„Секогаш сум загрижен за „сценариото на Осама бин Ладен“, каде што имате некоја навистина зла личност која го презема некој аспект од нашиот модерен начин на живот и го користи за да нанесе штета на невини луѓе“, рече тој.

Со оглед на тоа дека развојот на вештачката интелигенција е воден од приватни компании, Шмидт повика владите да внимателно ги следат и регулираат тие процеси.

„Навистина е важно владите да разберат што правиме и да не држат под надзор“, рече тој.

Неговите размислувања следуваа по дводневниот самит за вештачка интелигенција кој се одржа во Париз, на кој Велика Британија се приклучи на САД и не го потпиша соопштението за идниот правец на оваа диструптивна технологија.

Декларацијата за „инклузивна и одржлива вештачка интелигенција за луѓето и планетата“ ја потпишале 57 земји, вклучувајќи Индија, Кина, Ватикан, членки на Европската унија и Комисијата на Африканската унија.

Велика Британија објасни дека ја одбила поддршката за заедничкото соопштение затоа што не понудило доволно „практична јасност“ за „глобалното управување“ со вештачката интелигенција и не се справило со „сериозни прашања“ за националната безбедност.

Кога новинарот на Sky News го прашал парламентарниот поддржувач за станбени прашања, заедници и локална власт Алекс Норис дали ова била одлука донесена за Британија да се приклони кон новата американска администрација, тој одговори: „Не (…) така не донесуваме одлуки. Ние ги донесуваме на основа на тоа што е најдобро за Бритарците. И тоа е она што го направивме во оваа ситуација, како што би направиле во секоја глобална или домашна ситуација“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни