Поранешниот менаџер на Авичи, Аш Пурнури, конечно проговори

Поранешниот менаџер на Авичи, Аш Пурнури, ја крши молкот и тврди дека приказната за последните години од животот на Диџејот е извитоперена.

Аш Пурнури, поранешниот менаџер на светски познатиот диџеј и продуцент Авичи (Тим Берглинг), конечно го крши молкот.

Во ново соопштение, Аш вели дека приказната за последните години од животот на Авичи е „извитоперена“ и дека е подготвен да ја сподели својата перспектива – нешто што си го ветил уште во 2018 година. Неговите изјави доаѓаат во време кога тој се бори во тужба за клевета поврзана со документарецот „Avicii: True Stories“.

Аш беше менаџер на Авичи во најуспешните години од неговата кариера и имаше големо влијание врз неговиот музички правец и јавен имиџ. Сепак, по трагичната смрт на Авичи во 2018 година, се појавија различни тврдења и приказни за тоа што се случувало во неговиот живот и кариера. „Avicii: True Stories“ е документарец кој детално го прикажува неговиот живот, вклучувајќи ги и предизвиците со менталното здравје и притисокот од музичката индустрија.

Аш сега тврди дека приказната е извитоперена и најавува дека ќе ја сподели својата страна на приказната.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни