Перформансот ќе го отвораат Никола Маџиров и Владимир Мартиновски со кратко претставување на богатото поетско творештво на Перца, а по изведбата ќе следи разговор со публиката, модериран од Роберт Алаѓозовски.
Поетскиот чин ќе биде изведен на англиски и романски јазик, со употреба на музика, видео-фрагменти и говор на телото – мултимедијален спој што ја разорува границата меѓу пишаната и живата поезија.
„Војната е во нас и насекаде околу нас“
Војна
„Војната никогаш не го оставила Балканот недопрен. Ако не можеме да се
спротивставиме на војната, треба барем да се справиме со неа.
Војната никогаш не завршува. Војната е во нас и насекаде околу нас. Војна што не
ја чувствувате и војна што е далеку од вас. Војна што е за другите. Но, што би било
да ја чувствувате како своја? Војната секогаш се враќа. Војната е само збор, но има
толкава разорна моќ. Ајде да употребиме други зборови за да ја разбереме војната
и да се разбереме себеси. Ајде да склучиме воен мир.
Војната не е далеку и не е туѓа, војната е тука и му се случува со нашиот вид
секојдневно. Војната е спротивност на љубовта, но сепак е дел од другоста. Во
двата случаи, војна или љубов, мора да се предадете на другите. Но, едниот случај
е исполнет со насилство, додека другиот е да бидеме ние, да бидеме присутни и
да се потрудиме да зборуваме против насилната војна и целиот живот што таа толку полнозначно го завршува.“
Автор со меѓународен кредибилитет
Козмин Перца (1982, Марамуреш, Романија) е еден од најзначајните современи романски автори – поет, романописец, есеист и драматург. Неговите книги се преведени на 18 јазици, а романите на српски, хрватски и арапски. Перца е добитник на престижни книжевни награди и е автор со над 500 рецензии во романскиот и меѓународниот печат.
Моментално престојува во Скопје на писателска резиденција, во организација на издавачката куќа „Готен“ и европската мрежа „Традуки“, а настапот во „Буква“ е дел од неговото претставување пред македонската културна јавност.