Поетска вечер во Концепт 37: промоција на „Немите филмови веќе не се во мода“ од Лариса Митиќ

Промоција на збирката поезија “Немите филмови веќе не се во мода”, од Лариса Митиќ, во издание на ПНВ Публикации ќе се одржи на 16.10.2025, четврток, со почеток во 19 часот во Концепт 37.


Промоторката на книгата Анита Палческа преку разговор со авторката ќе ја претстави и доближи книгата до читателите.
Се работи за дебитантска збирка поезија, која не води низ носталгични сеќавања од детството, ја истражува потрагата по мирот и тишина во природата, но истовремено ја доловува градската енергија на Скопје преку внимателно забележани детали преточени во стихови.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни