Саемот собра претставници од повеќе од 40 земји, со кои македонската делегација ќе оствари контакти за понатамошна соработка во заштитата и промоцијата на македонското културно наследство. В.д. директорката на Управата, Весела Честоева, извести дека македонскиот штанд го посетил и почесниот конзул на Македонија во Неапол, Артуро Палма, што го нагласува значењето на присуството на земјата на вакви светски платформи.