Пеколни температури во Македонија– еве кога ќе удри најжешко!

Македонија влегува во нов жежок бран, откако од југ повторно започна да навлегува топла и сува воздушна маса од Северна Африка, предупредуваат метеоролозите. Во следните неколку денови не очекува стабилно, суво и претежно сончево време, но со температури кои ќе се движат во опасно високи граници.

Во текот на неделата, дневните температури ќе се искачуваат од 32 до 39 степени Целзиусови, а на одредени места во земјава се очекува да го надминат и прагот од 40 степени. Особено жешко ќе биде во централниот и југоисточниот дел од земјата, како и во Скопје, каде што термометрите ќе покажуваат до 37°C.

Покрај високите температури, метеоролозите најавуваат и засилен северен и североисточен ветер, кој повремено ќе го раздвижува жешкиот воздух, но нема значително да ја ублажи топлината.

Иако овој топлотен бран нема да биде толку екстремен како претходниот, кога беа измерени рекордни температури, граѓаните сепак се повикуваат на претпазливост. Избегнување на директна сончева изложеност во најжешките делови од денот (од 11 до 17 часот), носење лесна облека и внес на доволно течности остануваат клучни мерки за заштита од топлотен удар.

Синоптичарите најавуваат дека врнежи не се очекуваат во следниот период, па сушата дополнително ќе се интензивира – што веќе предизвикува загриженост кај земјоделците.

Според прогнозите, најжешките денови се очекуваат во втората половина од неделата, кога на повеќе локации низ Македонија ќе се почувствува вистински африкански пекол.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни