Паника во Кина: Дрон-огномет предизвика пожари и страв меѓу минувачи

Од забава до хорор – шоу со дронови во Лиујанг заврши со паника, пожари и бегство на луѓето откако запалени жарчиња паднаа од небото.

Паника избувна во градот Лиујанг, Кина, откако жарчиња од дефектен огномет при дрон-шоу паднаа директно над главите на минувачите. Инцидентот предизвика неколку пожари во околината и масовна вознемиреност кај присутните.

Настанот се случил за време на организирано шоу со дронови, кога еден од уредите неисправно испуштил запаливи честички, потврдуваат локалните медиуми. За среќа, засега нема извештаи за сериозно повредени лица, но настанот покрена прашања за безбедноста на ваквите манифестации.

Надлежните власти ја истражуваат причината за дефектот и потенцијалната одговорност на организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни