Ознаката НМК на табличките задолжителна од први јануари

Десетина дена пред истекот на годинава, од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги заменат старите регистарски таблички со нови, кои ќе ја носат ознаката НМК. Рокот истекува на 31 декември 2024 година.

Тоа значи дека од 1 јануари 2025 година, возилата не смеат да имаат таблички со ознаката МК со три или со ознаката МК со четири бројки.

Министерството ги повикува граѓаните да не го одложуваат овој процес и да го завршат навремено за да избегнат проблеми. Налепниците со ознаката НМК се достапни во сите станици за технички преглед низ целата земја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни