Oтворена изложбата на Атанас Нашоку „Контрас“

Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола свечено беше отворена изложбата „Контрасти“ на познатиот битолски фотограф Атанас Нашоку – Саку. Настанот го проследија бројни битолчани, љубители на фотографијата, пријатели и почитувачи на делото на овој фото-мајстор.

Директорката на Центарот за култура, Маја Илиевска – Илиевски, нагласи дека изложбата е од национален интерес, а присутноста на толку многу посетители потврдува дека Саку е големо име во уметноста на фотографијата. Таа посочи дека, иако со трема, Саку останал доследен на својот скромен пристап, поканувајќи ги присутните само да ја разгледаат изложбата и да уживаат во делата.

Лилјана Христова, автор на рецензијата, нагласи дека делата на Саку ги прошируваат границите на фотографскиот медиум преку исклучителен истражувачки и експериментален пристап, каде колоритната светлина и апстрактните форми се спојуваат во магични композиции. Духовната енергија и визуелните предизвици го инспирирале Саку да создаде фотографии кои надминуваат реализмот, носејќи не во нова димензија исполнета со хармонија, возбуда и мир.

Атанас Нашоку – Саку, како што најави, одби да зборува за своите дела, само ги покани присутните да ја погледнат изложбата и да уживаат во уникатната игра на светло и сенка, романтика и апстракција што ја создава неговиот објектив.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни