Палатите на Скопје

Откривање на скриената историја: мистиката на Арапска куќа во Скопје

Сместена во срцето на Скопје, Арапската куќа, позната и како Хотел Јадран, стои како доказ и за културната различност и за архитектонската величественост. Овој уникатен објект го комбинира богатото наследство на арапската култура со модерните удобности на добро уреден хотел, што го издвојувало како вистински скапоцен камен на угостителската сцена во Скопје. Од неговиот специфичен дизајн инспириран од арапско маварскиот стил до неговата топла и пријатна атмосфера, Арапската куќа нуди единствено искуство кое ги поканува гостите да се нурнат во привлечноста и на минатото и на сегашноста. Во овој текст, ќе ве однесеме на патување низ волшебниот свет на Арапската куќа, истражувајќи ја нејзината историја, амбиент и волшебниот спој на блискоисточната елеганција и македонското гостопримство што ја издвојува како една од ретките на Балканот.

Првобитно, „Арапската куќа“ била семејна куќа во сопственост на браќата Агоп и Агавни Дикиниџијан, богати трговци Ерменци, а била изградена во периодот 1936-1938 година. Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал „А.Д.“, бавча со водоскок и масивна орнаментирана ограда. Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците, со кристални лустери и со детаљи од слонова коска.

Во задниот дел, градбата имала раскошна бавча со кована ограда. Овие карактеристики го сместуваат објектот во стил што се појавува во 19 век, арапско-маварската архитектура од Северна Африка и Шпанија. На Балканот, најпрвин го вовела австроунгарската власт на териториите на Босна и Херцеговина. Потоа се појавуваат во Хрватска, па дури и во Битола. 

Ерменецот Агоп Дикинџијан бил сопственик и на фабриката за шамии „Тулбенд“. По смртта на Агоп и неговата сопруга Агавни, во Арапската куќа живееле Рустем бег со својата сопруга, Русинката Натали.

Кемал Рустем бил син на последниот турски градоначалник на Скопје, оженет за ќерката на секретарот на францускиот конзулат.

Во 1964 година, „Арапската куќа“ била преуредена во хотел, наречен „Јадран“. Последното преуредување на куќата е направено во 1989 година.

Архитектонски одлики

„Арапската куќа“ е градена во маварски стил. Поради својата архитектонска особеност, „Арапската куќа“ е прогласена за историски споменик на културата и таа е во втор степен на заштита на спомениците како културно наследство.

Таа е дело на архитекот Иван Артемушкин – руски имигрант кој се доселил во Скопје непосредно по Октомвриската Револуција и отворил свое техничко биро. Кон средината на 20-от век проектира голем број на станбени објекти. Повеќето негови проекти се со неоренесансни и неокласицистички елементи додека среќаваме само една ваква ориентална „Арапска куќа“.

Порталот „Марх“ посветен на промоција на македонската архитектура, во својот текст посветен на анализа на архитектурата на „Арапска куќа“, ја споредува со слични делови со неколку исламски објекти низ светот. Венецот во форма на падобран во горниот преден дел на куќата е архитектура од Каиро и Северна Африка. Прекршените лакови карактеристични за исламската архитектура ги има и џамијата во Ибн Тулум во Каиро, Египет, изградена во 884 година. Црвените хоризонтални ленти на жолта основа се наведува дека се земени како инспирација од Големата џамија во Кордоба.

На балканските простори постојат два објекти кои со својата архитектура потсетуваат на андалузиската архитектура, позната и како мавританска преродбена архитектура или нова андалузиска архитектура. „Арапската куќа“ е токму едниот од нив, додека вториот е објект во Сараево. Станува збор за објектот „Вјеќница“, во кој е сместена Националната и универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина.

Арапска куќа, подоцна преуредена во хотел „Јадран“ во центарот на Скопје, била сведок на една голема љубов. Ерменецот Агоп Дикиџијан ја изградил оваа вила како подарок за својата невеста Агавни. По примерот на Таџ Махал во Скопје и Арапска куќа и палатата Шкаперда се изградени како подароци за сопругите.

Како посебен детаљ се издвојува една резба на вратата од интимните простории со ликот на неговата сакана Агавни. Овој објект заслужено го добива статусот културно наследство на Градот Скопје.

Крајот на оваа љубовна приказна и не е толку среќен. Агоп умира а неговата „Арапска куќа“ се конфискува поради тоа што тој нема потомци. Агавни заминува за Марсеј и никогаш не се враќа повторно во Скопје. Куќата пак после сево ова доживува и други приказни. Наредните години ќе биде во сопственост на Рустем Бег и неговата жена Рустикана Натали, а потоа одреден период во неа ќе живее и Димитар Влахов, за на крај во 60-те, да премине во рацете на „Макеоднија Турист“ добивајќи со тоа нова намена и ново име – хотел „Јадран“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни