Откриена талкачка планета која расте со неверојатна брзина

Замислете планета која талка низ вселената без да има матична ѕвезда, како темен и ладен скитник, осудена на вечна самотија. Таквите планети астрономите ги нарекуваат талкачки планети.

Најновите набљудувања од Европската јужна опсерваторија (ESO) откриваат дека една од овие планети доживува рекорден експлозивен раст.

Шест милијарди тони во секунда

Планетата со официјално име Cha 1107-7626, која се наоѓа на околу 620 светлосни години од Земјата во соѕвездието Хамелеон, моментално „голта“ околу шест милијарди тони гас и прашина секоја секунда. Ова е најголемиот забележан раст на планета, особено на талкачки планетарни објекти.

„Љубителите на планетите често ги замислуваат како мирни и стабилни светови, но ова откритие покажува дека планетите кои слободно талкаат низ вселената можат да бидат неверојатно возбудливи и динамични места“, изјави Виктор Алмендрос-Абад, астроном од Osservatorio Astronomico di Palermo, главен автор на студијата.

Неговата екипа открила дека процесот на акреција – кога планетата собира материјал од околните облаци на гас и прашина – не е стабилен, туку планетата поминува низ нагли „избои“ на раст. Во август 2025, Cha 1107-7626 проголтал материјали осум пати побрзо отколку што тоа го правел неколку месеци порано.

Планета или ѕвезда?

Главното изненадување е што планетата со маса од 5 до 10 Јупитери не се однесува како планета во нашиот Сончев систем, туку како мала ѕвезда во настанување. Алекс Шолц од Универзитетот во St Andrews, еден од коавторите на студијата, истакна дека потеклото на талкачките планети сѐ уште претставува неразјаснето прашање.

„Дали тие се објекти со најмала маса кои се формирале како ѕвезди или гигантски планети кои биле исфрлени од системите во кои се создале? Новото откритие наклонува на страна на сценариото со ѕвезди“, објасни Шолц.

Нов поглед на магнетизмот и растот

Фасцинантно во ова откритие е и тоа што по прв пат е забележана улогата на магнетните полиња во растот на планета. Магнетната активност, која досега беше позната како важен двигател на акрецијата кај ѕвездите, сега е забележана и кај планетарни објекти.

Како и со што се направени овие откритија?

За да го направат ова откритие, астрономите комбинирале податоци од повеќе инструменти. Клучна улога играше спектрографот X-shooter на ESO-виот Врло голем телескоп (VLT), сместен во Чиле, во пустињата Атакама, кои се меѓу најчистите неба на светот. Исто така, користени се податоци од вселенскиот телескоп James Webb, како и архивски снимки од спектрографот SINFONI.

Талкачките планети: мистерија која се открива

Одметничките или талкачки планети се голема мистерија. Тие се тешко откриваат бидејќи не зрачат како ѕвезди, па прашањето за нивното потекло останува еден од клучните проблеми во астрофизиката. Сепак, најновите наоди го поддржуваат сценариото дека некои од овие планети можеби се формираат како ѕвезди.

„Идејата дека планетарен објект може да се однесува како ѕвезда е фасцинантна и нѐ тера да се запрашаме како би изгледале егзопланетите во нивните најраните фази“, истакна Амелија Бајо од ESO.

Формирањето на планетите и ѕвездите: Повеќе заедничко отколку што се мислеше

Ова откритие е значајно бидејќи покажува дека процесите на формирање планети и ѕвезди имаат повеќе заедничко отколку што мислевме. Со идните напредни телескопи, како ESO-виот Екстремно голем телескоп (ELT), кој се гради во Атакама, научниците ќе имаат можност да ги откриваат овие планети и детално да ги проучуваат нивните хемиски карактеристики.

Док додека Земјата се врти околу Сонцето веќе 4.5 милијарди години, самотната планета Cha 1107-7626 моментално доживува својата најбурна фаза на животот, давајќи на астрономите ретка можност да истражуваат процесите на формирање на вселенски талкачки планети.

Oва откритие ни дава поглед во раниот живот на еден таков планетарен скитник, кој можеби токму сега решава дали ќе стане планета, или ќе продолжи да се развива како мала ѕвезда.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни