Откриен нов тип на врска меѓу невроните – наноцевки што можат да доведат до дегенеративни болести

Научници од САД, користејќи микроскопи со исклучително висока резолуција и технологии засновани на машинско учење, открија потполно нов вид на врска меѓу невроните во мозокот на глувци и луѓе.

Во лабораторијата на Johns Hopkins University, невронаучникот Minhjeok Chang и неговиот тим идентификуваа мали цевчести „мостови” на врвовите на гранките на култивирани неврони.

Дополнителните анализи на модел на Alzheimer’s disease кај глувци покажаа дека овие мостови директно пренесуваат од клетка до клетка калциум и молекули кои се поврзани со болеста.

„Слични структури можат да трансспортираат широка палета материјал, од мали јони (големина ~10⁻¹⁰ метри) до големи митохондрии (~10⁻⁶ метри)“, наведува тимот во својот труд.

Во култивирани неврони набљудувале како се формираат овие наноцевчички динамички и утврдиле дека имаат посебна внатрешна структура, што ги разликува од другите продолжетоци на невроните.

Невроните вообичаено комуницираат преку синапси, кои пренесуваат и електрични и хемиски сигнали. Меѓутоа, било познато дека други типови на клетки користат физички поврзани цевчести структури за размена на молекули. Тимот кој го води Чанг потврди дека сличен тип цевчест „мост“ се јавува и кај невроните, користејќи напредни техники на снимање и машинско учење.

Истра­жувачите набљудувале како овие наноцевки транспортираат молекули од типот на Amyloid‑beta peptide, кои претходно ги вбризгале во клетки на мозокот на глувци — овие молекули се поврзуваат со невро­дегенеративни болести како Алцхајмерова болест.

Кога го сопирале формирањето на овие мостови, ширењето на амилоид-бета меѓу клетките престаналo, што ја потврдува нивната улога како директни канали.

„Нашиот компјутерски модел ги поддржа овие откритија, предвидувајќи дека прекумерна активација на мрежата на наноцевки може да ги забрза токсичното натрупување на амилоид во одредени неврони, со што се обезбедува врска помеѓу промените на наноцевките и прогресијата на Алцхајмеровата патологија“, објаснуваат истражувачите.

Истражувањето е само во една од првите фази од долг процес, и бидејќи овие цевчички се ново откритие, научниците нагласуваат дека сè уште не знаат што природно транспортираат, колку често се формираат и дали функционираат низ целиот човечки мозок.

Неисправното функционирање на овие минијатурни мостови може да придонесе и за развој на други болести, па истражувачите сакаат да дознаат повеќе за нив.

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни