OnlyFans оствари 7,2 милијарди долари од претплатници во 2024 – платформата експлодира со приходи

OnlyFans обработи 7,2 милијарди долари плаќања во 2024, додека бројот на корисници и креатори расте. Сопственикот Леонид Радвински заработи над 700 милиони долари преку дивиденди.

Британската платформа OnlyFans, позната по содржини за возрасни, бележи значаен раст во 2024 година, обработувајќи рекордни 7,2 милијарди долари (6,16 милијарди евра) во плаќања од претплатници. Според финансискиот извештај на компанијата Fenix International Limited, која ја управува платформата, бруто приходот се зголемил за 9% во однос на 2023 година. Нето приходот изнесувал 1,4 милијарди долари (1,2 милијарди евра), додека профитот по оданочување достигнал 520 милиони долари (444,6 милиони евра).

OnlyFans функционира преку наплата на 20% провизија од секое плаќање, дозволувајќи им на креаторите да објавуваат и наплатуваат ексклузивна содржина, најчесто еротска или порнографска. Бројот на креаторски профили пораснал за 13% и достигнал 4.634.000, додека бројот на фанови скокнал за 24%, достигнувајќи над 377 милиони регистрирани корисници.

Платформата немала никаков долг ниту надворешно финансирање во 2024 година. По објавувањето на резултатите, исплатени се 701 милион долари (599 милиони евра) дивиденди на сопствениците на компанијата, при што целиот износ го добил единствениот сопственик, украинско-американскиот бизнисмен Леонид Радвински. Од 2021 година досега, Радвински заработил околу 1,8 милијарди долари (1,54 милијарди евра) од OnlyFans.

Иако платформата е најпозната по содржина за возрасни, во 2024 година таа активно работеше на проширување на својата понуда и подобрување на репутацијата. Според извршната директорка Кајли Блер, компанијата започнала партнерства со професионални спортисти и спортски организации, нудејќи нови канали за директна комуникација со обожаватели.

Покрај сите успеси, OnlyFans наводно разгледува можност за продажба на платформата, со потенцијална вредност од 8 милијарди долари (6,84 милијарди евра), што би ја направило една од највредните приватни компании во сферата на дигиталната претплатничка економија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни