Како дел од одбележувањето, беше организирано рурално кино во селата Вратница и Теарце, каде што посетителите имаа можност да гледаат документарни филмови со теми поврзани со природната убавина и значењето на Шар Планина. Дополнително, МЕД и партнерите беа дел од културната манифестација „Ден на гравот“ во Теарце, која го истакнува традиционалното земјоделство и локалната гастрономија, што претставува дел од автентичното наследство на регионот.
Оваа иницијатива е дел од пошироката европска кампања за Зелениот појас, која ги обединува земјите што се простираат долж некогашната „Железна завеса,“ за да се зачува природниот коридор кој игра клучна улога за биодиверзитетот и одржливиот развој на регионот.
Секоја година, овие настани привлекуваат голем број посетители и љубители на природата, кои ја поддржуваат заштитата на Шар Планина како Национален парк и нејзиното значење за локалната заедница и пошироката јавност. МЕД и неговите партнери упатуваат благодарност до сите кои го поддржаа настанот и им се придружија на овие активности.