Од пионери во филмовите со звук до најдобриот филм на сите времиња

Помеѓу најпознатите и највлијателните филмови објавени од Warner Bros. од изминатите сто години се издвојуваат „Авантурите на Робин Худ“ од 1938 година, успешните хитови од 1940-тите како „Казабланка“, „Големиот сон“, „Малтешкиот сокол“ и „Богатството на Сиера Мадре“.

Во април оваа година филмската продукциска куќа „Warner Bros“ ја прослави 100-годишнината од нејзиното формирање од страна на браќата Хари, Алберт, Сем и Џек Ворнер. Оваа продукциска куќа е една од петте најголеми американски филмски студија, а помеѓу најпознатите ликови од изминатите 100 години дефинитивно се издвојува Багз Бани, популарниот зајак од серијата „Looney Toons“, што е и маскота на компанијата. Во Warner Bros. Pictures групацијата влегуваат и продукциските куќи New Line Cinema, Warner Animation Group, Castle Rock Entertainment и DC Studios.

Емигранти кои со 150 долари започнале да прикажуваат филмови на рудари

Браќата Ворнер се полски евреи, кои се доселиле во САД во 1889 година. Со филмови започнале да се занимаваат тројцата постари браќа, откако купиле проектор со кој прикажувале филмови во Пенсилванија и Охајо. Тие инвестирале 150 американски долари за да можат во рударските градови во овие две сојузни држави да ги прикажуваат филмовите „Животот на американскиот пожарникар“ и „Големиот грабеж на возови“. Првото кино тие го отвориле во Каскада, Пенсилванија во 1903 година.

Во следните години тие подлабоко навлегле во филмскиот бизнис, а веќе од 1918 година започнале со продукција на филмови. Во 1918 година тие го отвориле првото студио Warner Brothers во Холивуд. Сем и Џек ги продуцирале филмовите, додека Хари и Алберт, заедно со нивниот ревизор и сега контролор Чејс, се занимавале со финансии и дистрибуција во Њујорк. За време на Првата светска војна тие го објавиле филмот,„ Моите четири години во Германија“, базиран на популарна книга на поранешниот амбасадор Џејмс В. Џерард. На 4 април 1923 година, со помош од парите позајмени на Хари од неговиот банкар Мотли Флинт, тие формално ја основале компанијата Warner Bros. Pictures, Incorporated.

Пионери во филмовите со звук

Warner Bros. биле пионери во филмовите со синхронизиран звук уште 1925 година, кога Сем настојувал компанијата да вложува во оваа технологија. Сепак, во првите години од експериментирањето со оваа нова технологија, компанијата бележела загуби, бидејќи филмовите со звук се уште не биле распространети и прифатени од публиката. Пресвртот доаѓа со објавувањето на филмот „Џез пејачот“ со Ал Џолсон.

Овој филм вклучувал малку дијалог, но повеќе сегменти на пеење на Џолсон и станал вистинска сензација. Многу филмски историчари веруваат дека токму „Џез пејачот“ е филмот со кој започнува ерата на филмовите со зборување. Сепак, Сем починал вечерта пред премиерата на филмот, поради што браќањата Ворнер не биле присутни на истата.

Благодарение на успехот на овој филм, студиото финансиски се опоравило, па можеле повеќе да вложуваат во нови филмови, а нивниот следен филм „Распеана будала“ исто така доживеал успех. Со успешното промовирање на филмовите со звук, Warner Bros. станало едно од најдобрите студија и компанијата започнала да се шири. Во 1928 година, Warner Bros. го објавија филмот „Светлата на Њујорк“, кој е првиот филм во кој сите дијалози се со звук, после кој целата филмска индустрија преку ноќ се префрла на снимање филмови со звук.

Ширење на бизнисот и обезбедување на правата за Багз Бани

Комерцијалниот успех на Warner Bros. им овозможи на браќата да ја купат корпорацијата Стенли, која имала ланец на кино сали, а со купувањето на овој бизнис тие купиле и дел од еден од нивните главни ривали „First National Pictures“. Во следните години тие успеале целосно да го откупат ова студио, а нивното официјално спојување доаѓа со почетокот на Големата депресија.

Огромен успех Warner Bros. забележуваат со цртаните филмови, чии почетоци се во независното студио на Харман и Исинг. Од 1930 до 1933 година, тие креирале музички цртани за Леон Шлесингер, кој ги продавал на Warner Bros. Харман и Исинг го претставиле својот лик Боско во првиот цртан филм на Looney Tunes, Sinkin’ in the Bathtub и создадоа сестринска серија, Merrie Melodies, во 1931 година. Во 1933 година Харман и Исинг се разделуваат со Шлесингер, кој со својата продукција ја продолжил Merrie Melodies и започнал со креирање на клон на Боско за Looney Tunes, кој се викал Бади.

Во следните години продукциската куќа на Шлесингер ги вовела ликовите Порки Пиг, Дафи Дак, Елмер Фуд, Багс Бани и Твити кои доживеале вистински успех, а до 1942 година студиото на Шелсингер го надминало и Дизни во креирањето на кратки анимирани цртани. Warner Bros. ги купуваат цртаните филмови на Шлесингер во 1944 година и студиото го преименуваат во Warner Bros. Cartoons. Сепак, менаџментот на компанијата не му дава доволно значење на ова студио, но сепак ликовите од цртаните филмови им носат неверојатен успех и препознатливост.

Од Робин Худ до Бетмен и Матрикс

Помеѓу најпознатите и највлијателните филмови објавени од Warner Bros. од изминатите сто години се издвојуваат „Авантурите на Робин Худ“ од 1938 година, успешните хитови од 1940-тите како „Казабланка“, „Големиот сон“, „Малтешкиот сокол“ и „Богатството на Сиера Мадре“.

Во 1950-тите, го гледаме Марлон Брандо како ја редефинира глумата во „Трамвај наречен желба“, еден од филмовите кои оставија вистински белег во филмската уметност. 1960-тите беа деценија на културна револуција, а Warner Bros. беше првото големо студио што ја прифати, почнувајќи со „Бони и Клајд“ од 1967 година пред го објават „2001: Вселенска одисеја“, филм кој го редефинираше она што беше филмски возможно.

Во ерата на Новиот Холивуд од 1970-тите, каде што креативното изразување беше апсолутно, Warner Bros. се обидоа да соработуваат со генерацијата во подем, вклучувајќи ги Мартин Скорсезе (Лоши улици), Вилијам Фридкин (Егзорцист) и Теренс Малик (Рѓави земји). Ова му даде на Warner Bros долгогодишната репутација како големо студио кое најмногу дозволува на нивните режисери. Кјубрик работеше со нив со децении, како и Скорсезе (подоцна ги режираше GoodFellas и победи за најдобар филм за The Departed), Клинт Иствуд (Dirty Harry, Unforgiven) и до неодамна Кристофер Нолан.

Во 1980-тите, логото на WB се стана неизбежно низ филмовите за „Бетмен“, „Блејд Ранер“, „Гремлинс“, „Beetlejuice“, „The NeverEnding Story“ и „The Goonies“. Warner Bros. ќе ја обнови својата посветеност на ваквите херојски филмови и во 2000-тите со доминантното дуо „Господарот на прстените“ и „Хари Потер“. Во периодот помеѓу, Warner Bros. објави филмови кои станаа вистински класици како што се „L.A. Confidential“, „Седум“, „Матрикс“, „Space Jam“.

Во 1994 година, Warner Bros. го објавуваат „Бегството од Шошенк“, кој се уште важи за најдобро оценет филм на IMDb. Високо на листата на меѓународната датабаза на филмови е и „Темниот витез“ од 2008 година, кој сè уште останува најдобриот филм базиран на стрип и тоа е само еден пример за богатото партнерство Нолан/Ворнерс кое ги даде филмовите како „Интерстелар“ и „Inception“. Во 2015 година имаше две ревитализации на сериите: Mad Max: Fury Road и Creed. Wonder Woman од 2017 година е скапоцен камен на суперхеројските филмови на DC Comics.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни