Крафт пивото, или занаетчиско пиво, има длабоки корени во традиционалното производство на пиво. Неговиот подем започнува во 1970-тите години, особено во САД, кога малите независни пивари започнаа да ги оживуваат класичните методи на варење пиво, со фокус на квалитет, уникатни вкусови и иновација. Овие пивари се спротивставија на доминацијата на големите пивски корпорации, кои произведуваат стандардизирано пиво со цел масовна дистрибуција.

Во последните децении, крафт пивото стана глобален феномен, добивајќи огромна популарност поради својата автентичност, локален карактер и посветеност на креативноста. Денес, занаетчиското пиво е фаворит кај љубителите на пивото ширум светот. За разлика од индустриското пиво, кое често се критикува за едноличноста на вкусот, крафт пивото нуди безброј варијации кои ги задоволуваат дури и најпребирливите вкусови. Крафт пиварите честопати експериментираат со необични состојки како локални плодови, зачини или уникатни видови хмељ, што го прави секое пиво неповторливо.
Иако големите пивски ланци сè уште доминираат на глобалниот пазар, занаетчиското пиво продолжува да расте и да го освојува вниманието на потрошувачите, особено оние кои бараат нешто повеќе од стандарден производ.

Крафт производство на пиво привлече бран ентузијасти кои се посветени на неговиот развој. Малите стартапи, често водени од страст за пиво и желба за експериментирање, ја трансформираа индустријата, создавајќи нови можности за локални економии. Овие стартапи играат важна улога во поддршката на локалните заедници, обезбедувајќи работни места и промовирајќи културна уникатност.
Крафт пиварите се истакнуваат и во примената на принципите на циркуларната економија. Од користење одржливи методи на пакување, до рециклирање на остатоците од хмељот и јачменот, тие го минимизираат отпадот и го штитат животниот свет. Некои пивари дури и користат обновливи извори на енергија за производството на пиво, претставувајќи пример за еколошка одговорност.
Крафт пиво е повеќе од само напиток – тоа е културен и економски феномен што ги обединува страста, креативноста и свесноста за околината. На пазарот каде што доминираат големите корпорации, крафт пивото ја слави индивидуалноста, локалноста и автентичноста.

Бројот на активни пивари во ЕУ во 2023 година, достигнал 346 милиони хектолитри. Крафт пивото продолжува да расте во популарност, особено меѓу потрошувачите кои бараат уникатни вкусови и локални производи. Индустријата се соочува со предизвици како што се високите трошоци за производство, инфлацијата и промените во потрошувачките навики, но и покрај тоа многу пивари во Европа се посветени на одржливи практики, како рециклирање на материјали и користење обновливи извори на енергија.
Македонскио пазар за Крафт пиво
Македонија доживува вистинска пивска револуција, со растечка сцена на крафт пиварници кои нудат уникатни и квалитетни пива. Во 2021 година, потрошувачката на пиво по глава на жител во Македонија пораснала за 10,8% и достигнала 35,2 литри. Ова ја става Македонија на 68-то место меѓу 161 земји според потрошувачката на пиво по глава на жител.
Првата македонска крафт пиварница e основана во 2015, следејќи ги традиционалните германски рецепти. Во последните години, крафт пивото во Македонија бележи значителен раст, благодарение на ентузијазмот на младите пивари и зголемената побарувачка за уникатни и квалитетни производи. Иако пазарот на пиво во земјата е доминиран од големите брендови, крафт пиварите успеваат да привлечат внимание со својата креативност и посветеност на традиционалните методи на производство. Крафт пивото во Македонија е особено популарно меѓу младите и урбаните потрошувачи, кои бараат нови вкусови и автентични искуства. Во последните години, се појавија неколку микро-пивари кои нудат уникатни производи, често инспирирани од локалните состојки и традиции. Овие пивари не само што го збогатуваат пазарот, туку и ја промовираат културата на пивото како дел од гастрономското наследство на земјата.

Крафт пиварите во Македонија играат важна улога во локалната економија, создавајќи работни места и поддржувајќи ги локалните земјоделци преку користење на домашни состојки. Дополнително, многу од нив се посветени на одржливи практики, како што се рециклирање на отпадот од производството и користење енергетски ефикасни технологии.
Тука некаде е и приказната за Пиволабс, мала пивара во срцето на Скопје која произведува пива со оргинален вкус.
Приказната почна 2017, каде што се собравме тројца пријатели коишто правевме домашно пиво до тогаш, ентузијастично. И видовме дека на оваа сцена во Македонија не е баш развиена пивската култура, па решивме да направиме една крафт пивара, којашто малку ќе го зголеми дијапазонот на пивски стилови и на тој начин ние започнавме приказната. Денеска имаме досега направено отприлика десет стилови на пиво коишто некои ги ротираме сезонски се. Меѓутоа, најзастапени низ целата година ни се фоксот ПЛЛ, „Ведата“ пченичната IPA, „Калеш“ темна IPA, за којашто имаме земено грант од Фондот за иновации за иновативен производ. Исто така имаме Сешн IPA, којашто ја пласираме во летните периоди. Таа е доста ароматична, меѓутоа со нисок процент на алкохол и доста повеќе се пие во тој период. Исто така имаме „Пампкин ел“, односно со тиква и со зачини. Тоа е карактеристично за зимскиот период, оние празнични денови. Имаме стаут со кафе и ванила и сега моментално пласираме уште еден производ. Исто така правиме и една соработка со Микропоп каде што правиме чили портер, односно пиво темно пиво со чили пиперчиња. Тоа е луто пиво, така да баш интересно- вели Димо Попчев, дел од тимот на Пиволабс.
Кога зборуваме за развој на нови вкусови, тимот на Пиволабс вели дека желбите се секогаш поголеми од можностите и од капацитетите кои ги имаат.
-Сегашните стилови кои што ги имаме веќе се конзумираат и едноставно сме ограничени со количините моментално, односно со бројот на ферментори. Инаку желбата и предизвикот за да направиме нови стилови секогаш е тука и секогаш сме желни да направиме нови стилови, меѓутоа сме ограничени во однос на капацитетите. Меѓутоа, отприлика еднаш годишно сакаме да вадиме нов стил на пиво – вели Диме.
Но затоа плановите се големи, а тие вклучуваат набавка на нови машини со кои производството ќе се прошири. До сега имаат четири ферментори што овозможуваат на месечно ниво да произведуваат четири илјади литри пиво.
До крајот на годината ќе набавиме дополнително опрема што ќе ни овозможи уште илјада литри на месечно ниво да го зголемиме производството. Инаку, во Скопје особено имаме околу петнаесетина дваесет локали кои што ги пласираме нашите производи и настојуваме тој број да се зголемува соодгласно капацитетите што ќе ги и плановите за производство дополнително што ќе го спроведеме во следните месеци – вели Марко Илиевски, од Пиволабс.
Покрај желбата да се проши производството дома, дечките би сакале нивното пиво да излезе од границите на земјава. Но и тука повторно се потребни инвестиции во нови нмапини, погони и секако повеќе луѓе.
-Секоја година желбата да се шириме надвор, односно да извезуваме, ааа, е валидна, односно постои. Меѓутоа, никогаш не сме стигнале до таа степен да имаме капацитети да искочиме надвор од нашите пазари. Ааа, така да мислам дека е добро убаво тука да се воспоставиме на нашиот пазар, па понатаму да размислуваме, затоа што гледаме дека сè уште има места коишто, ааа, не го пробале нашето пиво – вели Димо.
Но како ввсушност се произведува крафт пивото во Пиволабс? Се започнува со увозот на суровини. Јачмен се увезува Белгија. Хмељот од Словенија, а квасецот од Франција. Откако ќе ги увезат производите, суровините, јачменот се меле, поминува низ мелница и се става во казаните за варење. Тој се кисне отприлика околу шесетина минути на одредена температура од шесет и пет до шесет и седум степени, зависи од стилот на пиво, и откако ќе се искисне ќе се добие таа сладовина, почнува пивото да се префрлува и да се вари. Откако ќе се свари, во процесот на варење се ставаат хмељевите за горчина и за арома. Тоа е она што сакаме да го добиеме. И сега има голем дијапазон на хмељеви коишто даваат различни ароми. Откако ќе се свари пивото, преку чилер се лади и се префрла во ферменторите, каде што се ферментира отприлика две недели.
Она што е интересно кај оваа пивница е нивната идеја за цирколаторна економија и важноста на циркулаторната економија.
-Уште од самиот почеток сакавме да го реискористуваме јачменот на некој начин. Најдовме неколку луѓе коишто одржуваат кокошки и свињи коишто одгледуваат, и на нив им го донираме јачменот за да може да се заврши оној целиот круг на циркуларната економија. Затоа што кога ќе ги извадиме состојките, односно шеќерите од самиот јачмен, односно отпадот од самиот јачмен, тој е многу убав. Има само белковини и аминокиселини, затоа што целиот шеќер е изваден. Тоа е баш убава храна за животните, дури и за нас. Значи ние можеме од јачменот да го да правиме брашно, така да, еве идеа и за понатаму, кој сака слободно, тука сме за соработка – вели Димо и додава:
-Се што правиме, правиме за да биде со одличен квалитет. И во однос на стиловите и во однос на вкусот на самото пиво, цело време се обидуваме да го подобриме, како да ја зголемиме ефикасноста од целиот процес за да го подобриме квалитетот на самото пиво.
Крафт пивото во Македонија не е само тренд, туку и израз на креативност, традиција и посветеност на квалитетот. Со поддршка од локалната заедница и потрошувачите, оваа индустрија има потенцијал да стане значаен дел од македонската економија и култура.