Under 600 е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развој на потенцијалот на секторот за социо-економско влијание во овој регион.
Фестивалот ќе претстави вкупно 12 претстави и перформанси, со посебен фокус на македонската продукција. Преку оваа ревијална селекција, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар од регионот, како и со предизвиците со кои тој се соочува.

Програма по денови:
ЧЕТВРТОК, 25.09.2025 г.
19:00 СНЕГ — продукција: „Штрих”, Скопје, С. Македонија; режија: Зоја Бузалковска
Сала 25 мај – Младински културен центар
21:30 КРСТ СО ПЕТОКРАКА — продукција: „Корифеј театар”, Колашин, Црна Гора; режија: Зоран Ракочевиќ
Кино Фросина – Младински културен центар
ПЕТОК, 26.09.2025 г.
12:00 Промоција на платформата Under 600 и настан за вмрежување
The Dude specialty coffee
17:00 READY-MADE PLAY — продукција: „МИ филм и театар”, Скопје, С. Македонија; перформанс на Ивица Димитријевиќ
Улица Македонија
18:00 СЁ ДОДЕКА ЗБОРУВАМЕ ЗА ЉУБОВТА — продукција: Театар „Промена”, Нови Сад, Србија; режија: Маша Павловиќ
Факултет за драмски уметности – Скопje

20:00 КОЈЗНАЕ ЗОШТО? — продукција: Здружение „Купола”, Штип, С. Македонија; режија: Дамјан Читкушев
Кино во железничка зграда
22:30 ЛА МАКБЕТ — продукција: „Хибрид”, Скопје, Македонија; режија: Шенај Мандак
Факултет за драмски уметности
САБОТА, 27.09.2025 г.
12:00 Настан за вмрежување
The Dude specialty coffee
17:00 СРАМ — продукција: „Тииит Инк!”, Скопје, С. Македонија; монодрама на Ангела Стојановска
Котур кафе и филм
18:00 READY-MADE PLAY — продукција: „МИ филм и театар”, Скопје, С. Македонија; перформанс на Ивица Димитријевиќ
Улица Македонија
19:00 ДОБРИ ЛУЃЕ — продукција: Театар „Златен Елец”, Скопје, С. Македонија; режија: Тамара Стојаноска
Кино во железничка зграда
21:00 ЗАГАТКАТА НА РЕВОЛУЦИЈАТА — продукција: „ДАХ Театар”, Белград, Србија; режија: Дијана Милошевиќ
Факултет за драмски уметности – Скопје
НЕДЕЛА, 28.09.2025 г.
12:00 Настан за вмрежување
The Dude specialty coffee
17:00 KRIEG/A-C-I-N-S-E-L-A-K — продукција: ИТИ Македонија; експериментален видео-театарски проект на Ивана Апостолова Баскар
Бар Гарсон
18:30 СМРТ ВО ДУБРОВНИК — продукција: „Празен простор”, Подгорица, Црна Гора; режија: Петар Пејаковиќ
Баскар Бар Гарсон
20:00 ОНЛИФЕНС — продукција: „Артопија”, Скопје, С. Македонија
The Dude specialty coffee
Фокус на млади уметници: Специјална програма која вклучува проследување на фестивалот од студенти од регионот и презентирање на две претстави, со цел поддршка на следните генерации театарски креатори.
За фестивалот
„Under 600″ е иницијатива за зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан, создадена од Штрих заедно со Дах театар од Србија и Корифеј театар од Црна Гора. Регионалниот карактер на фестивалот овозможува создавање на заедничка енергија и согледување на творечките сличности и различности во регионот.
Фестивалот ќе го претвори Скопје во прослава на независниот театар, создавајќи простор за слободно творештво и уметничко влијание.