7000 деца во Литванија ќе добијат обука за летање и управување на дронови

Кога учениците во Литванија ќе се вратат во училиште оваа есен, нивната програма ќе се прошири со нешто сосема ново – покрај традиционалните предмети, ќе стекнуваат и практични вештини за употреба на беспилотни летала. Проектот, инициран од Министерството за одбрана, има за цел да обучи ученици од трето до дванаесетто одделение, како и пошироката јавност, за составување, пилотирање и разбирање на дрон-технологијата.

Во септември, Литванија ќе отвори три нови тренинг центри за обука на над 22.000 граѓани, вклучително и 7.000 деца, кои ќе учат како да составуваат и управуваат со дронови.

Кога учениците во Литванија ќе се вратат во училиште оваа есен, нивната програма ќе се прошири со нешто сосема ново – покрај традиционалните предмети, ќе стекнуваат и практични вештини за употреба на беспилотни летала. Проектот, инициран од Министерството за одбрана, има за цел да обучи ученици од трето до дванаесетто одделение, како и пошироката јавност, за составување, пилотирање и разбирање на дрон-технологијата.

Во изјава оваа недела, министерството потврди дека до 2028 година ќе функционираат вкупно девет вакви центри, а првите три ќе започнат со работа уште во септември. „Дроновите денес не се само алатки за индустрија и наука – тие се дел и од секојдневниот живот,“ изјави Валдас Јанкаускас, директор на литванската Агенција за неформално образование (LINEŠA).

Според него, проектот ќе им овозможи на младите „рано да влезат во светот на технологијата“, што би било корисно како за идните инженери, така и за сите општествено активни граѓани.

Растечки тензии со Русија

Иницијативата доаѓа во момент кога Литванија ги преиспитува своите безбедносни капацитети. Минатиот месец, руски дрон натоварен со експлозиви влезе на литванска територија од Белорусија и се урна во близина на воена обука база. Настанот ја натера Владата да побара зголемена поддршка од НАТО, оценувајќи го инцидентот како „загрижувачки знак за ширењето на руската агресија“.

Во меѓувреме, поранешниот премиер на Литванија и сегашен еврокомесар за одбрана и вселена, Андриус Кубилиус, изјави дека земјата не е доволно подготвена за одбрана од вакви закани. „Мора да бидеме спремни да се браниме од стотици илјади дронови,“ рече тој.

Образование со практична цел

Проектот има амбициозна цел – до 2028 година, најмалку 22.000 луѓе да поседуваат вештини за контрола на дронови. Обуката започнува од најмлада возраст – децата од околу 9 години ќе учат преку практични игри и експерименти.

Учениците на возраст од 11 до 16 години ќе почнат со пилотирање на дронови во затворен простор и нивно составување. Во средно училиште, ќе учествуваат во 3D дизајн, изработка на делови за дрон и натпревари на национално и регионално ниво.

Слични програми и во Естонија и Летонија

Со воведувањето на оваа програма, Литванија им се приклучува на своите балтички соседи во образованието за дронови.

Естонија најави дека до средината на 2026 година ќе започне сопствена програма како дел од владината коалициска спогодба. Иако деталите се ограничени, се потврдува дека секое училиште ќе добие свој „дрон-комплет“. Програмата ќе биде интегрирана во националната одбранбена наставна програма, усвоена во 2023 година, чија цел е „развој на граѓанска свест и подготвеност за одбрана на Естонија“.

Во јули, Летонија го одржа својот прв камп за оператори на дронови, каде беа обучени 32 млади кадети во основи на летање и електронска борба, според локалните медиуми.

Заеднички безбедносен фронт: „Sид од дронови“

Сите три балтички земји – Литванија, Естонија и Летонија – започнаа со изградба на т.н. „ѕид од дронови“ на источните граници со Русија. Естонија најави дека до почетокот на 2027 година ќе постави почетен систем за откривање на дронови на границата и во четири главни градови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни