Канцеларијата на претседателот на Мадагаскар објави дека е во тек обид за насилно преземање на власта, додека се повеќе војници се приклучуваат на десетинадневните протести предводени од млади кои ја потресуваат поранешната француска колонија, пренесува Reuters.
Членови на елитната единица CAPSAT, која во 2009 година помогна на претседателот Андри Раджоелина да дојде на власт преку државен удар, ја повикаа својата армиска браќа да одбијат наредби и да го поддржат движењето на младите што започна на 25 септември. Овие протести се сметаат за најголемиот предизвик за властa на Раджоелина од неговото реизбирање во 2023 година.
Офицeри од CAPSAT изјавиле во недела дека преузеле командата над безбедносните операции во земјата и дека ќе ја координираат сите гранки на вооружените сили од својата база на периферијата на Антананариво. Тие објавија и дека за началник на Генералштабот ја именувале генералот Демостен Пикулас.
Единицата на жандармеријата, која досега соработуваше со полицијата во обидите за гаснење на протестите, во недела изјави дека се одвојува од владината страна.
„Секое насилство и несоодветно постапување против нашите сограѓани се забранети, бидејќи жандармеријата треба да го штити народот, не да ги брани интересите на поединци“, стои во соопштението на Интервентните сили на Националната жандармерија, емитувано на телевизија Real TV.
Тие кажаа дека ќе соработуваат со штабот на CAPSAT.
Министерството за одбрана и Генералштабот засега не коментираат.
Сведок на Reuters видел тројца повредени по пукање на патот кој води до касарната на CAPSAT. Други сведоци рекле дека нема знаци на други судири.
Во официјално соопштение објавено на каналите на претседателството на социјалните мрежи, кабинетот на Раджоелина напиша дека „во тек е обид за нелегално и насилно преземање на власт“, додавајќи дека претседателот повикал на „дијалог за решавање на кризата“.
Во недела не беше позната моменталната локација на Раджоелина, но во сабота неговиот кабинет објави дека тој и премиерот „целосно ја контролираат државната власт“.
Една воена единица тврди дека ја презела контролата над вооружените сили, додека Раджоелина осудува дека е обид за нелегално преземање на власт.
„Од сега сите наредби за армиските сили – копнени, воздушни и морнарица – ќе доаѓаат од генералштабот на CAPSAT“, рекоа офицерите во видео изјава пренесена од телевизија BFM.
Досега, другите воени единици и официјалниот воен врв не се изјасниле.
Во главниот град Антананариво се одржуваат нови демонстрации.
Офицерите исто така наведоа дека го именувале генералот Демостен Пикулас за нов началник на армијата, позиција која беше отворена откако претходниот началник минатата недела беше назначен за министер за одбрана.
Не е јасно дали ова именување е официјално признато.
Како што потсетува француската телевизија, единицата CAPSAT со база во регионот Соанијерана, на периферијата на Антананариво, во 2009 година ја предводеше бунтовната акција што го доведе Раджоелина на власт.
Оваа единица вчера објавила дека ќе го одбие редот да пука на демонстрантите и ја критикувала полицијата за репресија.
Потоа, војници навлегле во главниот град со воени возила и им се придружиле на демонстрантите, кои ги пречекале со одавање почест и повици за оставка на претседателот — што се смета за пресвртница во движењето што трае веќе повеќе од две недели.
Имаше судири помеѓу припадници на војската и жандармеријата пред касарната.
Протестите, инспирирани од движењето на генерацијата Z, почнаа поради недостаток на вода и струја, но се проширија — демонстрантите сега бараат Раджоелина да поднесе оставка, да се извини за насилството над демонстрантите и да ги распушти Сенатот и Изборната комисија.
Некои демонстранти носат маици и знамиња со симбол — череп со сламнато капче, инспириран од јапонскиот манга „One Piece“ — симбол што користат млади движења во земји како Индонезија и Перу.
Илјадници демонстранти се собраа во Антананариво во недела за да протестираат против владата и да оддадат почит на убиениот припадник на CAPSAT, за кого единицата објавила дека бил убиен од жандармеријата во сабота.
Мирното собирање го следеа црковни лидери и опозициски политичари, вклучувајќи го и поранешниот претседател Марк Раваломана, како и припадници на CAPSAT.
Мадагаскар, земја со просечна возраст под 20 години и население од околу 30 милиони, има големо ниво на сиромаштија — три четвртини од населението живее во сиромаштија според Светската банка.
Видео снимки од локалните медиуми прикажуваат десетици војници како наводно ја напуштаат касарната и се придружуваат на демонстрантите на Трг 13 мај во Антананариво — местото на неколку историски протести — кое е моментно под строг надзор и затворено за јавноста.
Шефот на Комисијата на Афричката унија, Махмуд Али Јусуф, повика на воздржаност и мир.
Поради безбедносната состојба на теренот, француската филијала на Air France‑KLM го суспендираше сообраќајот на линијата Париз–Шарл де Гол до Антананариво од 11 до 13 октомври.